Најнесакани професори

Anacal

Полноправен Член
19 јануари 2013
45
29
18
Во основно немав омилен професор, сите по малку ми одеа на нерви, а најмногу ја мразев класната по биологија и наставничката по хемија.

Сега во средно, најомразена ми е бившата професорка по математика и сегашната професорка по математика. До предметот ќе да е.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Весна1992

ZmajChe

Истакнат Член
21 март 2012
937
2,068
93
хахахаха прејако значи .. се надевам дека нема да ми се најде тука некој професор :Р
иначе дури бев во основно најмногу го мразев тој по физичко и по географија, се изживуваше со нас дефинитивно..
во средно во битола најмногу го мразев по физичко тој во прва - човекот не спремаше за во војска хахахаха и таа по физика - леле клетааааа !!!
сеа тука во прилеп во средно па и неам некој што го мразам........ сега за сега се е океј :D
 

Marchisio

Староседелец
4 јуни 2012
551
902
1,093
математика која не се вртеше додека не ја испише таблата па затоа и бегавме,
псифологија која обожаваше да става единици како добро утро
а физика беше лудак над лудаците ме запиша во забелешка скока од клупа на клупа :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ZmajChe and Весна1992

Препознатлива

Истакнат Член
27 јуни 2012
119
94
328
Од основно ја мразев и сеуште ја мразам наставничката што ми беше од 1во до 4то.
Од средно пак најантипатични ми беа професорката по хемија и до некаде класниот :)
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Сега кога ќе размислам сме ги мразеле професорите кои сакале да не научат нешто, што биле строги и принципиелни, а оние што ни поклонувале оцени на лепе очи сме ги сакале бетер родител. Јас на пример математика немам врска, не сум ја ни сакала ни сум ја сфаќала, ама кога се запна еден професор да ме падне ако не поминам на полагање, седнав, ја научив дури и ја засакав, после тоа време барав такви задачи да решавам....

Мада овој беше прича за себе, не верувам дека некој не го знае, а само да поминал покрај тоа школо.

Легендата вели дека некогаш паднал цел клас една година, па како што си одел со точакот неколку души го претепале на пат накај дома и како што бил строг од тогаш станал бетер.
Мене посебно ме имаше земено на пик (златната петка како што не нарекуваше) и редовно си полагав математика по два пати во летото 4 години.
Ама добро, кога ќе размислам подобро, на мои деца подобро да им предава таков професор него некој како ете мојата по англиски што си лакираше нокти, средуваше веѓи, си кокетираше со проф. по музичко, се шминкаше, местеше деколте, а ние сите со 5ки, а глас не сме и слушнале и така...
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Сите. Гадна жабокречина од простаци, паразити и сељачишта.