Најдобро место за славење на матура/дипломска

Најдобро место за славење:

  • Дискотека

    Гласови: 1 4.8%
  • Кафана

    Гласови: 2 9.5%
  • Хотел

    Гласови: 4 19.0%
  • Во друг град

    Гласови: 1 4.8%
  • Смачено ми е веќе од матури/дипломски

    Гласови: 8 38.1%
  • Ресторан

    Гласови: 5 23.8%

  • Вкупно гласале
    21

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
Дури и втора вечер сте имале??

Ние имавме 1 2 и 3 вечер... ама јас на 2 и на 3 не бев... за 3 не ми е мака, ама за 2 многу... на 2 се собираме само децата без класните, а на 3 сме класот со класната :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Dee Dee

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Ние имавме 1 2 и 3 вечер... ама јас на 2 и на 3 не бев... за 3 не ми е мака, ама за 2 многу... на 2 се собираме само децата без класните, а на 3 сме класот со класната :)

Ќе треба и ние во Скопје да го примениме тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
E! Потпишувам.Посебно ми се допадна првиот дел од постот.
Моја соученичка беше плеснала 12 илјадарки за еден фустан кој не беше нешто посебно,1400 за штикли и чанта за 1500 денари.Мислам WTF?И пак не беше најубава.Имаше некои кои се беа облекле едноставно и беа најубави отколку таа за која зборев.Не,овде не искажувам знаци на љубомора туку чудење и поставање самата себеси прашање дали девојчето ке го облече друг пат фустанот или ке го чува дома колку да зафака место и да собира прашина?
Брат ми кога дипломираше не сакаше да слави и сите се согласивме со неговата одлука.Баш заради болдираното.Многу личности кои познавам од кога дипломираа си седат дома или работат на машина.
Еве ке го земам пример мојот братучед.10 години од кога дипломира возе човекот такси а има жена и дете.
Ама ако мора да одговарам на прашањето би рекла најубаво во дискотека со друштвото а постарите роднини куќни пријатели во некоа кафеана доколку си одлучи семејството.

Парите не се никаков предуслов за да бидеш убав/а на матура.Само што кај нас владее тоа дека некоја купила фустан од солун и чинел 300 евра, а некој купил од гтц за „мочани’ 15 илјадарки.Тука владее тој натпревар помеѓу „убавиците“ кои баш на таа вечер наместо да личат на млади девојки, личат на тетки од по 30+ години.
Најтрагично е што уште од самиот почеток соблекуваат штикли да играат на маса, кинат хулахопки, најчесто се труп пијани и ако сеуште има некоја што нема изгубено невиност, вечерта е моментот за тоа! И тоа со дечкото кој и бил нај непривлечен.
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
138
1,053
Јас сакав наместо ресторани-кафани,да одевме на екскурзија во Охрид,или на релација Будимпешта-Прага-Виена.Поефтино така заминуваме,отколку тоа по ресторани-кафани.
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Па има и во хотел јадење и пиење и во диско има пиење,ако одат за јадење можат дома да си слават,така за јадење ако е претежно славењето нај убаво е во 7ца или во Вегера пример (think)(facepalm)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Искрено, никаде. Матурската ми беше ко свадба и толку не сакав да сум таму, до денес се лутам на моиве што напнаа, чиниш не знам каков успех е средно. Парада на кичот и глупавоста.
За дипломска фино отворивме шампањ дома, па си замезивме во ланџ бар, најобично облечени со 3 најблиски другар(к)и и ми беше милион пати поубаво.
На никого не би препорачала да си троши време и пари, освен ако, нели, вам ви е мерак, а не поради домашните.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape