1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Најдобро место за славење на матура/дипломска

Дискусија во форумот 'Излегување и ноќен живот' започната од Marick14, 15 мај 2012.

?

Најдобро место за славење:

  1. Дискотека

    1 глас(а)
    5.0%
  2. Кафана

    2 глас(а)
    10.0%
  3. Хотел

    4 глас(а)
    20.0%
  4. Во друг град

    1 глас(а)
    5.0%
  5. Смачено ми е веќе од матури/дипломски

    7 глас(а)
    35.0%
  6. Ресторан

    5 глас(а)
    25.0%
  1. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Дајте предлог ваш, кое би било најдоброто место за славење на матура или дипломска, и зошто баш тоа место.
     
    На Dee Dee му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MissChievous

    MissChievous Ingenious

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    5,084
    Допаѓања:
    7,013
    Дома. Не идам на мојата апсолвентска.
     
    На Dee Dee му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Y1K991

    Y1K991 Parleur

    Зачленет на:
    1 март 2012
    Мислења:
    6,262
    Допаѓања:
    9,105
    Матурата од училиште ни беше во Салида....прекрасно поминавме....викнавме музика да ни свири до центар.....во 2 ноќта....деновите низ Прилеп имаше индијанци, свиреа на плоштад..Знам дека не снимаа додека цела сурија индустријалци слегувавме в град. И на крај полицијата ни ги зеде свирачите со образложение дека нарушувале јавен ред и мир.
    --------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
    Дома не сакав да се слави матура......и на крај.......ми донесоа гости......и нервозен заминав на матура.....знам дека врската ми беше изместена...па ме зафркаваа женската да не ме малтретирала :) знам дека нервозата ми помина со вотката
     
    На Stojne, Dee Dee, cece17 и уште 1 член му се допаѓа ова.
  4. Шмекси

    Шмекси Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    1,130
    Допаѓања:
    1,066
    Преку глава од тие матурски/дипломски вечери.За неколку часа забава се троши многу време за подготовка, трчање за облека, трошење пари за одела/фустани кои само еднаш ќе се облечат и потоа ќе се покажуваат на деца/внуци.Сето тоа за мене е кич.
    Матура.
    За што славење?Што син ми едвај ќе заврши средно со двојки? Тоа да го славам па уште и да му уплаќам за полагање за кола?

    Димпломска е исто срање друг мирис.Што ако си завршил факс?Си добил ли стипендија за да продолжиш со дошколување во странство или пак те вработиле во јака фирма?Или славиш затоа што после 6 години студирање и подмитување си добил обична хартија од која се’ што можеш да направиш е да ја урамиш или пак да ја бутнеш во подрум за да не фаќа прашина по дома.
     
    На Dee Dee, Ludaca, Trajche и уште 5 други им се допаѓа ова.
  5. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Мене највеќе ме нервира кога се потресуваат ко којзнае што е таа матура или дипломска. Па идат кај Дадар, па купуваат облека од Франција, Германија. Сакоа купуваат, кои само тогаш ќе ги носат. Јас ич не се замарав кога ми беше матурата. Една кошула едни панталони и толку. Сако ич не ни размислував да купам. За што да го купам, за да ми седи во плакар ли? Тие пари што ќе ги дадам за сакото ќе ги дадам за одмор.

    А дома си славев матура, беа неколку роднини и тоа е....не викав музика дома и такви глупости. Исто и за дипломската сега ќе направам. А и добро е што нема да славиме со факултет. Паметен ректор. :)
     
    На Stojne, Dee Dee и Марија им се допаѓа ова.
  6. Hip.Hop_MKD

    Hip.Hop_MKD Староседелец

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    2,192
    Допаѓања:
    3,931
    Глупости во боја..
    *

    Смачено ми е веќе од матури/дипломски
     
    На Dee Dee му/ѝ се допаѓа ова.
  7. МериСелест

    МериСелест Староседелец

    Зачленет на:
    24 април 2012
    Мислења:
    2,007
    Допаѓања:
    3,215
    E! Потпишувам.Посебно ми се допадна првиот дел од постот.
    Моја соученичка беше плеснала 12 илјадарки за еден фустан кој не беше нешто посебно,1400 за штикли и чанта за 1500 денари.Мислам WTF?И пак не беше најубава.Имаше некои кои се беа облекле едноставно и беа најубави отколку таа за која зборев.Не,овде не искажувам знаци на љубомора туку чудење и поставање самата себеси прашање дали девојчето ке го облече друг пат фустанот или ке го чува дома колку да зафака место и да собира прашина?
    Брат ми кога дипломираше не сакаше да слави и сите се согласивме со неговата одлука.Баш заради болдираното.Многу личности кои познавам од кога дипломираа си седат дома или работат на машина.
    Еве ке го земам пример мојот братучед.10 години од кога дипломира возе човекот такси а има жена и дете.
    Ама ако мора да одговарам на прашањето би рекла најубаво во дискотека со друштвото а постарите роднини куќни пријатели во некоа кафеана доколку си одлучи семејството.
     
    На Dee Dee и Ludaca им се допаѓа ова.
  8. Antares

    Antares Староседелец

    Зачленет на:
    11 мај 2012
    Мислења:
    468
    Допаѓања:
    414
    Најдобро место за славење матурска, музика, алкохол и сите на некоја Плажа. Каква облека за матурска, облечен ко за на плажа :D:D:D:D
     
    На Dee Dee и Caci им се допаѓа ова.
  9. Caci

    Caci Истакнат Член

    Зачленет на:
    15 февруари 2012
    Мислења:
    872
    Допаѓања:
    1,103
    Јас сепак не би се согласила со повеќето мислења... тоа според мене е последната вечер и најубавата вечер... на матурската си поминав најубаво и ми останаа многу спомени од истата, мака ми е сега многу што не бев 2 вечер :( а за делот на фустаните се согласувам со вас, не треба многу пари да се фрлат по тие работи, поедноставно, поубаво... сепак еднаш во животот си средношколец и дипломираш, па затоа и ги подржувам тие забави ;)
     
    На Stojne, Dee Dee, WomanInRed и уште 1 член му се допаѓа ова.
  10. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Дури и втора вечер сте имале??
     
    На Dee Dee му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: