Музички спотови ала порничи

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,199
1,133
Постојат ли некои цензури за спотовите или се е можно?
Мислам дека може да се цензурираат спотовите на youtube
при постирањето на спотот има опција да се избере за тоа да кога ќе се отвори спотот да даде известување дека има експлицитни сцени кои не се за малолетници но и малолетник да е ќе потврди дека е полнолетен и пак ќе го гледа спотот
ако поинаку размислиш, младината тоа ја интересира и како и да го скриеш видеото ако сакаат пак ќе го најдат а да им се забрани на ,уметниците' да создаваат дела ќе се прекршува демократијата
ние во помалиот број сме осудени да гледаме и слушаме непрофесионализам
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,673
1,683
Han Wavel
Ако не ви се гледа и сте против тоа тогаш не гледајте, ако знаете каков е спотот и продолжите да го гледате значи ви се допаѓа тоа што гледате. Ќе им забранувале да се соблекуваат :rofl а наједноставно решение е да не гледаш ако не ти се гледа.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,746
253
Ако не ви се гледа и сте против тоа тогаш не гледајте, ако знаете каков е спотот и продолжите да го гледате значи ви се допаѓа тоа што гледате. Ќе им забранувале да се соблекуваат :rofl а наједноставно решение е да не гледаш ако не ти се гледа.
Не станува збор за дали ни се допаѓа на нас, тебе и мене, да прочиташе убаво ке разбереше што милам.За децата мислев, колку работи им се достапни со какви се содржини и дека тоа влијае на нивната психологија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,673
1,683
Han Wavel
Не станува збор за дали ни се допаѓа на нас, тебе и мене, да прочиташе убаво ке разбереше што милам.За децата мислев, колку работи им се достапни со какви се содржини и дека тоа влијае на нивната психологија.
Не им давај да гледаат и готово.
 

rain-bow

Истакнат Член
21 ноември 2014
174
79
338
И јас се согласувам дека е претерано. Во денешно време се се сведува на голотија, ако не знаеш како само соблечи се и ќе бидеш на врвот. Нормално е да биде убаво за гледање, но и порничи има доволно кои се достапни во секое време. И затоа сите тие голи дадички по спотовите, кога ќе излезат(ако излезат) на свој концерт звучат како магарици.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and diva orhideja

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,429
9,138
1,683
Кушкундалево
Пример од `81ва

Џегер имаше изјавено дека во тоа време воопшто не им било гајле за спотови на луѓето, додуша и телевизор во тоа време било луксуз па повеќе виселе пред радио отколку пред телевизор. Нешто подоцна Големите Корпорациски Умови (понатаму ГКУ) ги откриле благодетите на музичката индустрија. Она што го откриле е дека за да продаваш музика не треба да правиш музика туку да створиш имиџ и да ги преплавиш медиумите со некакви си скандали кои ќе го држат вниманието на народот. Еднаш некој изјавил дека и лошата репутација е профитабилна па така ГКУ го имплементирале тој механизам во системот и така обичните смртнички умови ги намалиле своите критериуми за прифатливо однесување. Откако е тоа имплементирано ГКУ сфатиле дека тоа е само почетокот и дека треба да помине некое време за да омекне народот и да се навикне буквално на се` што ќе му пласираат пред очи. И така се појавија тинејџерки ко Бритни кои пеат двосмислени текстови кои што ја подгоруваат сексуалната имагинација на обичните смртни умови и со самото тоа стануваат подложни на подлабоки влијанија. Така ГКУ почнале да вметнуваат и сублиминални пораки во спотовите во кои првин ќе го однесат обичниот смртен ум во хипнотизирана состојба преку прикажување на сексуално привлечни тела за кои може само да сонува и потоа ќе го користат за да профитираат од истиот хипнотизиран ум. Со самото тоа што обичните смртни умови се изложени на сублиминални пораки тие ги „заразуваат“ и повеќето ближни и со самото тоа се оттргнуваат од вистинскиот пат по кој требало да чекорат и несвесно го прават она што ГКУ сакаат да го прави.
Напоредно со оваа појава се појавуваат и револуционери кои што сакаат да се борат против ваквата појава и прикажуваат шокантни видео материјали со тоа колку можат да влијаат ГКУ врз обичните смртни умови и пеат за тоа колку е лош системот за обичниот човечки ум. Исто така повеќето овие револуционери ги нарекуваат со погрдни имиња како Металики, секташи, дрогаши, џанаци, хорсаши и сл. Ама Господ е голем и гледа се`, кога ќе дојде судниот ден тогаш Творецот ќе го победи рогатиот и неговите слуги, ГКУ.
 
Последна промена:

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,616
7,198
1,153
Big Sur
Напоредно со оваа појава се појавуваат и револуционери кои што сакаат да се борат против ваквата појава и прикажуваат шокантни видео материјали со тоа колку можат да влијаат ГКУ врз обичните смртни умови и пеат за тоа колку е лош системот за обичниот човечки ум. Исто така повеќето овие револуционери ги нарекуваат со погрдни имиња како Металики, секташи, дрогаши, џанаци, хорсаши и сл. Ама Господ е голем и гледа се`, кога ќе дојде судниот ден тогаш Творецот ќе го победи рогатиот и неговите слуги, ГКУ.
Аа, не така. Јасно ни е на сите дека тие секталики го исмеваат световното и плукаат врз Бога со своето погано однесување.
Тие нивни распнувања со ланци, бодења во вени и крвишта, се чисто спрдавање и исмевање на распнувањето на Христа, кој својата крв ја пролеал за нив.
Се знае - Адам и Ева биле голи, нема причина зошто Азис и Емина да се покриваат...тоа е основно човечко право.
Плус, ако со малку аутотјун може да се долови талентот и нивните стихови допираат милиони срца, супер си е.

Eве, на пример...просечното око овде гледа вулгаризам и голотија. Воздигнатиот човек препознава дека текстот всушност има подлабоко значење, односно дека зборува за силна и модерна жена која сама макотрпно работела за сега да си обезбеди луксуз. А секако - тоа е со помош на Севишниот, за што сведочи и ланецот-крст ко форма на благодарност.

Тоа Илуминатите сакаат просечните гледачи да се фокусираме на голотијата во спотовите, за во позадина комотно да прикажуваат скриени пораки и така да комуницираат со своите редови низ светот.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,016
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Абе секоја генерација си има различен степен на провокација. Порано била Мадона, а сега кога ги гледаш тие постарите нејзини "провокативни" музички спотови, веројатно ќе се изнасмееш. А до пред деценија-две, се сметало за провокативно и за многу луѓе било too much. Потоа ги имаме Бритни, едно време Кристина Агилера, до пред некоја година Лејди Гага, сега Ријана и Мајли... а кога ќе размислиш, па што па беше Бритни толку провокативна? Значи, времето се менува, а со него и перцепцијата. Важно, секогаш ќе постои нешто и некој кој ќе биде за некого провокативен. И гледајќи наназад, се е моментално и минливо. А што можеш да направиш во врска со тоа? Практично ништо. Ако станува збор лично за самиот себе, тогаш разумно би игнорирал. Ако е за помладите, деца како деца ќе најдат начин да гледаат нешто што не треба. Особено ако претерано се трудиш да ги заштитиш од сето тоа. Така да, подобро е дискретно да ги учиш на "убави" работи и да не се трудиш да ги контролираш премногу и да им ги затвораш очите, едноставно сето тоа е дел од секојдневието.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,848
1,153
Децата ќе ги заштитувате од секс сцени кои некогаш и тие ќе ги практикуваат, а не се буните против тоа сериите што ги учат дека силувањето е нормална работа и дека треба да ја прифатат и да се вљубат во силувачот?
- малку надвор од темата, ама се изнервирав на еден коментар и не ни ги дочитав постовите туку се фрлив да пишувам свој пост.
Мене ми пречи воопшто правење спотови за музика - искрено.
Песна е за слушање, не за гледање - но тоа е мој став.
Дали таа ќе излезе гола на спотот, дали ќе има вибратор во својата вагина додека ги пее највисоките тонови во рефренот...ама баш ме брига. Само знам дека, ако песната е лоша - спотот и голотијата нема да ѝ помогнат.