Има многу држави што имаат законски регулативи за вакви работи.Воспитувај го своето дете на каков начин сакаш но несакам да дозволам државата да ми го превоспитува детето.
Значи, според тебе ваквите музички спотови ќе ти го направат детето конфликтна личност?
1. Детето, со сите денешни промени во храната, динамиката, најчесто, ако е девојче ќе почне со менструација на 10-11 години, значи хормоните ќе профункционираат.
2. На истата таа возраст момчето ќе почне околу себе само газови да гледа.
1а. Ако девојчето не знае што значи да крвариш, ќе помисли умира, а такви нагли исплашувања создаваат страшни фобии.
2а. Ако момчето не е поучено на време дека тоа не е убаво, ќе почне да ги мава соученичките по газ, па по цел ден ќе биде кај педагози/психолози.
Заклучок: Доколку девојчето гледа со тебе такви спотови, а ти се доволно умна да знаеш како да му кажеш со зборови дека истакнувањето на нејзиното тело на начин на кој што го прави пејачката, е неубаво за неа, дека тоа е непочитување кон самата себе си, во моментот кога ќе сака да го крене фустанчето(јас сум сведок дека ова го правеа девојчиња во четврто одд, замисли во мое време) за да ѝ ги видат гаќичките, ќе ѝ текне на зборовите твои, дека гледајќи го „лажниот јунак“ си ѝ кажала дека тоа само ќе ѝ созададе проблем - од страв ќе се смири.
Доколку момчето не гледа такви спотови, каде што Тони Зен ѝ вика на девојката „Ми каса ес ту каса“ ќе смета дека тоа е во ред, но ти повторно си тука да му објаснеш како е и што е. Па утре ден, ќе си ги смири хормоните и нема да ги втурнува во ќош своите школски и да ги чепка за газ.
- додека родителите сметате, дека децата нема да ви имаат сексуални амбиции ако ги ставите во стаклена градина и не им дозволувате да читаат еротски статии, да гледаат порно, да гледаат СПОТОВИ АЛА ПОРНИЧИ, џабе ѝ е на државата и телевизорите и лап топите од дома да ни ги земе...пак ќе останеме туп народ што создава дебили, а не деца.
После ќе слушнам некоја мајка „колку се трудев околу моето дете, ене ми го, никој не го дружи... а колку го воспитав„
- епа да де, не му даваше да гледа кај што се бацуваат дечко и девојка;
- кога ќе сакаше да зборува со тебе, му викаше оди во соба мал си за тие работи:
- му создаде илјада фрустрации кои тоа ги исфрли врз другарчињата и остана само.
- си свршила работа.