Мост на љубовта

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ааа сум бил, одлично место како и мостот во Венеција, мада овој венецијанскиот непосебен би го споредил со кривината во Монако.
Друго што сакав да кажам- европјаните знаат да привлечат туристи, само една обична приказна ја претвораат во традиција и да изгледа толку екстравагандно и навидум далеку подобро од сите споменици со Скопје 2014+ терористичките, привлекува дупло повеќе туристи од охридско езеро и дневно прави профит повеќе од тридневниот прилепски пивофест. Зборувам за некој обични места каде кога ќе ја слушнеш приказната го дооловуваш тој амбиент....пример терасата на Јулија, мостот на вљубените, мајсторското дрво преполно со шајки и многу такви да ги наречам ситни местенца споени со една сторија.
И таму сите се сликаме, си шетаме со македонски знаменца, купуваме цигари по 10 евра, кафе од 5-6 евра, пиво од 7-8 евра, пица 13-14 евра али убиче нам романтика.

И за тоа треба време. Тие мостови по Венеции и Фиренци постојат со векови и причата која излегла за нив, без разлика дали е точна или не, трае од поодамна.
Со декрети на власта не ја бива. `Од утре ќе имате хипер романтичен мост`. Мислим збиља оно...
Уствари којзнае....каква раја вирее овде, ако веќе пројде барокот...

Добро скопје до кога че копира де од адавде де онанде дајте нешто ваше скопско аврентично напрајте, мост на катанците ми е некако глупаво, поубаво напрајте ограда од синџири каде што че се редат катанци и че ви биди и поубаво и поромантично и единствено во светот (ако има негде ограда на катанците и љубовта кажете) а мислам дека некој ако ја реализира оваа идеја како приватна инвестиција можи цел живот да живеј од продавање на катанци и продавање на место со бројче на оградата.
Можноста во Скопје да се појави нешто автентично е многу мала. Потенцијалот на Скопје и тамошните граѓани, под сегашните околности, за оригиналност е еднаков на потенцијалот на Лихтеншајн да се појави на СП 2014 во Бразил...
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Веројатно уште кога ќе го прочитате насловот на темава прво што ќе ви падне на памет е мостот со катанците во Париз :)
За оние што незнаат, над реката Сена во Париз се наоѓа мостот „Ponts des Arts" кој се смета за најромантично место во градот,каде што на оградата се ставаат катанци кои ја симболизираат вечната љубов.
На катанците се пишуваат/гравираат иницијалите или целосните имиња на вљубениот пар а откако катанецот ќе се заклучи за мостот,клучот се фрла во реката.Со тоа веруваат дека нивната љубов ќе трае вечно и ќе се сакаат засекогаш.
3-najromantichnoto-mesto-vo-pariz-www.kafepauza.mk_.jpg


По примерот на Париз од неодамна на мостот кај МАНУ (чие име е Мост на револуцијата) во Скопје, млади вљубени парови почнаа да поставуваат љубовни катанчиња.
На некој сајт прочитав и дека на мостот на езерцето во парк исто така почнала традицијата со поставување катанчиња.
Можеби и Мостот на револуцијата во Скопје ќе стане атрактивен како тој во Париз,останува на времето да видиме:D

Па, како ви се допаѓа на вас идејата и кај нас да има Мост на љубовта?
Дали и вие би си ја заклучиле својата љубов на мост?
Дали верувате дека навистина љубовта ќе ви биде вечна со поставување на еден обичен катанец?:rolleyes:
Сте посетиле до сега некој Мост на љубовта?


nego bi te prasal prijatelke kolku katanci ti stavi ako ne e tajna (wasntme) ??
 

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
30
Од ваквите клише шеми и трендови почна запек да ме фаќа.. значи или сите уметници се избегани од државата или толку се некреативни шо џабе им биле парите за на факс.. Од копија до копија, едно нешто ќе се направи на запад ние покуси да не бидеме.. Шо на тие од франција и верона шо ќе дојдат туристичка атракција ќе им биде некој си мост на љубов демек ? Али тоа е, нашиве се позафатени со пратење на модата во останатиот свет преку фејсбук па немаат време убаво да погледнат во својот двор шо им фали.

Тоа од културна гледна точка, од суеверна пак немам немам ништо за расправање.
 

Badgirl

Староседелец
4 јануари 2013
1,477
3,258
1,133
29
Najubaviot grad ------> SKOPJE :D
Мост,катанци,клучеви...не верувам дека тоа може да влијае на љубовта да е засекогаш,не верувам во тоа,ниту сум била,ниту планирам да одам...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Симпатично, за оние кои што се романтичаари. Јас во Парис кај хипиците во паркот се дружам....
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
мене пак тоа ми е многу рамнтично, секако доколку ми се пружи прилика некогаш да го посетам овој мост дека би закачила :) инаку не верувам дека некој катанец може да влијае на тоа да љубовта ти трае вечно, тоа го правиме самите ние ;)
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Ова е гарант мостот за кој пее Владо Јаневски, на кој идат душите во пресрет. :D

кога ја видов темата,прво нешто што ми падна на памет е песната :D
он топик- интересно и креативно е,чисто заради забава би закачила но не од суеверие.Ама во Париз не во Скопје. :zelen
Како што наведоа неколкумина исто и јас го споделувам нивното мислење дека не ми се допаѓа тоа што почнаа да копираат работи што многу одамна веќе се во други земји.Уште фали и ѕид на кој ке лепиме пораки, статуа што ќе ја фаќаме за гради (или пак нашиот воин на коњ ... :cenzura ) ...
 

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
Поминував скоро на мостот шо е кај веро центар во Скопје, глеам по некој катанец, на некој дури изгравирано имиња има. Па сеа коа веке ја има триумфалната порта ... ај да не навлегувам у темата за споменици. И НЕ, не ми е воопшто роматично и сум против тоа. Шо демек сигурно нема да раскинеш ако стаиш катанец? Па нели и пред бога ако се венчаш бракот ке ти траи до крај на живот па пола од браковите завршија со развод. Ама ако веке глеаме од позитивната страна некој ке вади леб од продажба на катанци у близина на ,,мостот на љубовта,,.
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Поминував скоро на мостот шо е кај веро центар во Скопје, глеам по некој катанец, на некој дури изгравирано имиња има. Па сеа коа веке ја има триумфалната порта ... ај да не навлегувам у темата за споменици. И НЕ, не ми е воопшто роматично и сум против тоа. Шо демек сигурно нема да раскинеш ако стаиш катанец? Па нели и пред бога ако се венчаш бракот ке ти траи до крај на живот па пола од браковите завршија со развод. Ама ако веке глеаме од позитивната страна некој ке вади леб од продажба на катанци у близина на ,,мостот на љубовта,,.

И во Скопје има таков мост? :eek Бог да чува и да брани! Само уште тоа ни фалеше и тоа го ставија. Каде кај веро? Како не сум го приметила. Се извинувам за оф-топик.
 

Sesil

Староседелец
20 февруари 2012
300
230
1,043
И во Скопје има таков мост? :eek Бог да чува и да брани! Само уште тоа ни фалеше и тоа го ставија. Каде кај веро? Како не сум го приметила. Се извинувам за оф-топик.

Од веро-центар коа идеш прека МАНУ, главната улица што води директно на Бит пазар. Баш денеска поминав, има мноогу катанци. Претежно си изгравирани имиња. Очекуам наскоро ѕид за желби некаде да никне, коа веке тргнало на копирање ... :banghead