Мост на љубовта

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Не катанец, цела брава со се врата ќе закачам само да си бидеме засекогаш заедно (inlove)
Закачи си катанец и после анѓели ќе ти свират на увце додека се љубите и ќе си живеете среќно и заљубено до крајот на животот со помош на катанецовата моќ.
Ама добро кој како си верува.
Како идеја е супер за туристичка атракција, ама мене не ми се допаѓа ништо што е копија на нешто друго. Ам може магијата кај нас да не фаќа.
Ќе почне овде онде овој оној мост да се прави љубовен и идеш кај баба на село и на мовчето за да ја поминеш канализацијата закачени катанци. И што барам јас во Париз кога можам на секој чекор да си закачам катанци.
А ние си се знаеме кои сме и какви сме и некое сабајле ќе осамне и катанците со се мост ќе ги снема. Сега дали деците на Рамче ќе го кренат (што знаат деци љубов што е, видоа железо го кренаа) или му сметал на Трајче за инает на Мирче не се знае.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius and Arkantos

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Мене ми е идејата романтична и баш ми е слатко таквото нешто.Дефинитивно ќе си прикачам катанче кога ќе ми се прикаже шанса.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Мост изграден со намена за перење пари од јавни фондови сигурно ќе биде врв на романтичноста.
Како ефтина, нормално преплатена копија на париски мост уште повеќе.
Сместена во балканска касаба која изигрува барокна метропола.

Романтичност не се прави ад-хок, со декрет на власта, аман чеда божји.
Тоа доаѓа спонтано, без разлика дали е Венеција, Париз или Берлин.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Ааа сум бил, одлично место како и мостот во Венеција, мада овој венецијанскиот непосебен би го споредил со кривината во Монако.
Друго што сакав да кажам- европјаните знаат да привлечат туристи, само една обична приказна ја претвораат во традиција и да изгледа толку екстравагандно и навидум далеку подобро од сите споменици со Скопје 2014+ терористичките, привлекува дупло повеќе туристи од охридско езеро и дневно прави профит повеќе од тридневниот прилепски пивофест. Зборувам за некој обични места каде кога ќе ја слушнеш приказната го дооловуваш тој амбиент....пример терасата на Јулија, мостот на вљубените, мајсторското дрво преполно со шајки и многу такви да ги наречам ситни местенца споени со една сторија.
И таму сите се сликаме, си шетаме со македонски знаменца, купуваме цигари по 10 евра, кафе од 5-6 евра, пиво од 7-8 евра, пица 13-14 евра али убиче нам романтика.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Ку Рајбер

Полноправен Член
2 август 2013
71
59
18
42
Гевгелија
Се убаво,и мостот и кулата и кривината....
Секој си прави свој филм во главата и ако тоа му се допаѓа нему-нека си е така.
Јас лично не би закачувал катанец на овој мост,но ако некој друг закачи и го симболизира на вечна љубов,јас ќе го ценам тоа.
А што,има вакво нешто и во Ск?
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Јас сум бил на мостот на љубовта во Врњачка Бања.Интересен начин за привлекување на туристи :)
 

Ку Рајбер

Полноправен Член
2 август 2013
71
59
18
42
Гевгелија
Јас познавам еден мост кој нема пат од другата страна,во едно запуштено место е надвор од градот и таму обично одат на “плескање“ во автомобили тие што немаат каде.
Хипотетички и тоа би требало да биде мост на љубовта,нели?
Којзнае колку од денешнава популација е зачната таму.
 

Varosanec

Староседелец
27 мај 2012
67
24
1,008
39
На клупата крши дујкан
Добро скопје до кога че копира де од адавде де онанде дајте нешто ваше скопско аврентично напрајте, мост на катанците ми е некако глупаво, поубаво напрајте ограда од синџири каде што че се редат катанци и че ви биди и поубаво и поромантично и единствено во светот (ако има негде ограда на катанците и љубовта кажете) а мислам дека некој ако ја реализира оваа идеја како приватна инвестиција можи цел живот да живеј од продавање на катанци и продавање на место со бројче на оградата.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Да би отишла во Париз би закачила катанче само затоа што е романтично и интересно, културата ,градот, историјата, Париз си го носи своето. Да отидам во Скопје и да видам други катанчиња така закачени ќе се прашам каде се точаците хаха , шала на страна кај нас треба некој да смисли нешто ново што не само што ќе привлече туристи туку и ќе не привлече и нас да се заинтересираме.