Од друга страна разбирливи се ставовите на партиските/режимски активисти, без разлика дали оној кој им дели цркавица е психопат или монструозен манијак - додека дели паричка дотогаш е божанство and can do no wrong.
Тоа е одговорот како тоа опстанувале секакви гнасни режими кои со своето постоење го избламирале човечкиот род за навек, што ќе се замарал рандом германец со тоа дали таму некаде закопувале полски заробеници со булдожери или гореле евреи, роми и гејеви во логори, платичка навреме, пензиичка исто, шнапс во колонијалот има секој ден, зелка и свинско се наоѓа по икс рајхсмарки, возовите повеќе не каснат мх мх, убавини...
Е после коа дошло време за наплата и илјада Ланкастери и Б-17 со по три тони бомби секој еден од нив го затемниле небото и го изгореле саканото детенце на рандом германцот во firestorm а на исток советските орди убивале, пљачкале и силувале све живо а понекогаш и мртво шо наликувало на рандом германец, тогаш рандом германецот се осетил изненаѓен и увреѓен...