</3
На темава...
Иако е малку црно-бел погледов во теорија, сум се дружел со едните и со другите. Зависи што и како би го нарекол доброто/лошото што ја чини/прави таа индивидуа. Колку и да е добар со другите, ако мене ми има направено штета за свои личен интерес, секако дека ќе ја ставам како негативна личност.
Истото важи и за другото. Ако таа направила „лошо“ на другите само затоа што била непрорачунлива и и` бил разврзан јазикот, тогаш не би ја сметал за толку лоша личност. Понекогаш и општеството ја преувеличува работата, најчесто од муабети рекла-казала.
Секако дека тоа не значи да го игнорирам целосно истото и да не земам дел за резерва.
Сум бил и во обратните ситуации, баш како во воведот со личност која е фина со тебе, слаткоречива.... обично таквите се потрошна роба и кад тад се дознава вистинското лице. Е сеа зависи по кој муабет се познати. Ако се познати по својата неотесаност, нема место за паника. Но ако има подлабока суштина и ако нивниот почетен пристап е добро искалкулран за да се постигне повисока цел преку газење на нечие достоинство покрај моето, тогаш секако дека се работи за лоша личност.