Морална дилема

massimaux

Истакнат Член
4 јануари 2016
73
85
328
Имаш двајца познаници. Едниот познаник те има многу навредено и понижено пред блиски луѓе, но знаеш со висок степен на извесност дека не направил штета на други луѓе (освен личната навреда кон тебе која ти предизвикала емотивно страдање!). Другиот познаник секогаш бил фин и дарежлив со тебе лично, но за него знаеш со висок степен на извесност дека е корумпиран и вклучен во голем криминал, односно направил штета на повеќе луѓе (ако не и на целото општество!). Кој од овие двајца го сметаш за поголем штетник и зошто?
 
  • Like
Реакции: Lady* and existence

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
Ова ме потсети на една морална дилема. Ако може една дигресија, мислам дека е интересна. Вака стои дилемата.

Имаш двајца познаници. Едниот познаник те има многу навредено и понижено пред блиски луѓе, но знаеш со висок степен на извесност дека не направил штета на други луѓе (освен личната навреда кон тебе која ти предизвикала емотивно страдање!). Другиот познаник секогаш бил фин и дарежлив со тебе лично, но за него знаеш со висок степен на извесност дека е корумпиран и вклучен во голем криминал, односно направил штета на повеќе луѓе (ако не и на целото општество!). Кој од овие двајца го сметаш за поголем штетник?

Можеби треба во форма на анкета да се постави прашањево.
Јас се држам до Споковата мудрост "The needs of the many outweigh the needs of the few". Нормално е дека не може да ти биде сеедно некој кој што е со тебе љубезен да го сметаш за штетник, ама од друга страна со самото тоа што му штети на општеството на кое што припаѓаш ти ти штети и тебе па така да сепак ти наштетил.
Можеш и да отвориш тема за ова, ќе има некоја дискусија па нема да биде дигресија :)
 
True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,132
2,396
1,133
Yellow submarine
Овој првиов што би ме навредил и понижил не го сметам за штетник, а бога ми ни за жив за мене. Единствено би го класифицирала како исфрустриран.
Овој вториов е штетник и неговата љубезност спрема мене би била непостоечка од причина што такви луѓе не сакам во моја близина. Тука збориме за криминални дејствија кои како што е наведено не влијаат на мене лично, но влијаат на некоја мајка можеби, нечие дете, на општеството во кое евентуално и тој самиот ги одгледува сопствените деца. И да не се лажеме, таквите луѓе се лицемерно љубезни, нивниот карактер се темели врз себичност, лаги, измами, смислени злокобни акции. Тој човек е штеточина и трујач на околината.
 
massimaux

Истакнат Член
4 јануари 2016
73
85
328
Познавам луѓе кои оној што лично ги навредил и им го повредил егото го сметаат за поголем злотвор од оној другиот. Кога проблемот ќе се постави вака, како мисловен експеримент, со емоционално неоптеретен рационален когнитивен апарат, прилично лесно се прави сортирање на злото по магнитуда. Но, кога сме лично оптеретени, поради когнитивните пристрасности, можеме да го изгубиме моралниот компас. Тешко е да се биде објективен под силно влијание на субјективноста. Но, затоа и постои поимот морална интелигенција, дефинирана како способност за сортирање на доброто/злото во повеќедимензионален спектар. :)
 
  • Like
Реакции: Tantara and Outrider

Друже полека, не сме на интервју за работа во НАСА. Муабет си правиме :D
Тие што толку сериозно би ја сфатиле навредата од некој познаник и би се оптоварувале со истата, очигледно имаат дефицит на морална и секаква друга интелигенција.
 
massimaux

Истакнат Член
4 јануари 2016
73
85
328
Друже полека, не сме на интервју за работа во НАСА. Муабет си правиме :D
Тие што толку сериозно би ја сфатиле навредата од некој познаник и би се оптоварувале со истата, очигледно имаат дефицит на морална и секаква друга интелигенција.
Е па, имет дефицит. Имет снемано фицит. :)
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,220
1,747
253
Друже полека, не сме на интервју за работа во НАСА. Муабет си правиме :D
Тие што толку сериозно би ја сфатиле навредата од некој познаник и би се оптоварувале со истата, очигледно имаат дефицит на морална и секаква друга интелигенција.
Ауууууу...како што разбрав сега, јас сум имала дефицит на бла бла бла...:confused:Море мајкооооо....Абе каква дилема, немам дилема..првиот познаник кој ме навредил, понижил итд. така ќе си го окрка од мене, нема да знае каде му е глава а каде дупе, може и коса да исчупам:mad: а за вториот познаник баш ми е гајле каков е и што е, тоа нека соодветните установи и закони и компетентни луѓе нека си го судат.Додека моите лични интереси не се засегнати, не му се замарам многу...морална дилема, како да не:giggle
 
И треба првиот да го окрка. И треба. Ама, тука лежи трикот на дилемата. :)
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,220
1,747
253
И треба првиот да го окрка. И треба. Ама, тука лежи трикот на дилемата. :)
Лежи, лежииииииии..да, ако нешто си ја укашкал работата кај него...ама ако мене ми е чиста совест, и никаква морална грешка не сум направила, каде ти е таа дилема??Ова емигма некоја:rolleyes:
 
True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,132
2,396
1,133
Yellow submarine
Ауууууу...како што разбрав сега, јас сум имала дефицит на бла бла бла...:confused:Море мајкооооо....Абе каква дилема, немам дилема..првиот познаник кој ме навредил, понижил итд. така ќе си го окрка од мене, нема да знае каде му е глава а каде дупе, може и коса да исчупам:mad: а за вториот познаник баш ми е гајле каков е и што е, тоа нека соодветните установи и закони и компетентни луѓе нека си го судат.Додека моите лични интереси не се засегнати, не му се замарам многу...морална дилема, како да не:giggle
Ти си мало нервозна по карактер? Ако за познаник коса чупаш, не сакам да знам на мајка ти што би и направила ако не ти даде 50 денари за кафе.