Сум сретнувала, бидејќи живеам во Скопје не на Менхетен нели.
Искрено во сите ситуации освен во една, сум се осетила најнормално, можеби поради фактот дека сме се разделиле ко луѓе.
Јас у принцип не сакам драми, кога ќе дојде крај значи крај е, нема потреба да се мачиме. Ќе си кажеме чао и утре ко ќе се сретнеме да не се доживуваме ко последни идиоти. Со сила убавина не бива, ама барем да останеме фер играчи до крај. Уосталом не сме си заклале фамилија и со работи што поминале е глупо да се замараш, тоа што е зад тебе таму треба и да биде.
Пак ќе речам можеби така зборам зашто сите претходни врски ми завршиле на цивилизиран начин и освен престанувањето на љубовта, страста, хемијата или ватевар немало друга причина за разделба.
Е, тој еднаш што го споменав погоре, малку ме потресе затоа што таа врска ми заврши театрално. Бев заљубена ко морон, ме изневери со најдобра другарка, јас нит драмев ни барав објаснување едноставно си заминав од двајцата, ама човекот очигледно не можеше да се помири па имавме пар сцени кои ги режираше он.
Јас на крај дури и сменив број, се преселив во друг стан зашто немав намера да се справувам со нечие покајување.
Ме сјеба, кој те е*е веќе, кога ти не знаеш да цениш јас ни на крај памет не помислувам да ти цртам и да се трудам да те оправам. Мислам по чему?
И помина доста време го видов. Немав пеперутки и тресење на колена далеку било, имав некое гадно чувство во желудник предизвикано од сликите кои ми се вратија...ама тоа е тоа, сите некад сме биле заебани де, ноу биг дијал.