Моментот кога ќе се сретнете со бившата љубов

RoxieHeart

Староседелец
6 мај 2014
60
58
1,018
Inside your darkest fantasies.
Зависно од турбулентноста на раскинувањето. Би сакала во чантата случајно да имам солна киселина и од невнимание да ја истурам врз него.
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
поглед, завртисија глата и продолжуваш низ широк сокак хахаха :)
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Има разлика кога ќе сретнеш бивш што ти значел и оној другиот што ништо уствари не ти значел.....Јас бивш што ми значел неам ..ама бивша љубов..да имам...и со оглед дека никогаш не сум го имала, не чувствувам ништо посебно, само некоја топла енергија и мирис на некое минато време, и така тој ден може ќе помине со мисла на него, но од утрото сум бек то нормал.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Kisserboy

Loner

Активен Член
13 март 2016
340
86
28
Skopje
Дефинитивно коа ке ја видам срцето мислам дека ќе го повратам ми чука ненормално да зборам неможам :)
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
Секогаш ги поздравувам од општа култура , па не сме крвнички настроени ,а и не гледам причина со некој со кој што си спиел и имал убави мигови да не го поздравиш ако ништо друго !
 

WolfGirl

Староседелец
21 јуни 2016
214
136
1,053
Povekjeto vrski zavrsile na neubav nacin , so mnogu neubavi zborovi , povredeni cuvstva , padnato ego .. Nemam kontakt so nitu eden bivs , ama zatoa so nekolku poranesni simpatii muabetot ni odi kako podmackan :D
 

Давор

Староседелец
10 ноември 2012
1,300
2,081
1,123
Не сум имал којзнае колку бивши, ама со сите не завршиле добро работите. Јас кога сакам, сакам. Не можам да сфатам, то ест барем мене не ми се десило, да се разбудам еден ден и да си речам: Еј, јас повеќе неа не ја сакам, мислам дека денес ќе и раскинам. Сум раскинал поради тоа што сум бил изневерен, претерана љубомора од нејзина страна и со една поради нејзината другарка, која ни правеше некои сплетки плус неколку пати ми спушти на телефон. Ја прашав како би се чувствувала таа ако јас му дозволам на другар ми додека зборам со нејзе да ми го земе телефонот и да и спушти. Ми рече не било проблем. Епа мене тоа ми е проблем, мислам дека нејзините другарки треба да ме почитуваат исто како што ја почитуваат моите пријатели неа.
Зборот ми беше, се чувствувам како да сум од друга планета читајќи ве вас како ви се враќаат чувствата, спомените, љубовта...
Јас единствено што чувствувам кога ќе сретнам бивша (една сега се префрли на мојот факултет, па се случува да налетаме еден на друг) е оној горчлив вкус во устата, онаа кнедла која не може да се проголта и ти останува така и полека те гуши, не оти нешто чувствувам кон неа, ами повеќе заради тоа што не испаднала човек. Секогаш ми е лошо кога гледам нечовештво наоколу мене. А за да ја убиеш мојата љубов, треба мноооогу...
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Бивша љубов била една, во средношколските денови. Го немам сретнато три години, а да го сретнам сигурно нема да ми се сечат нозете ниту па тешко ќе ми биди да подголтнам. Многу непријатно се разделивме, така да не заслужува здраво ниту па да го погледнам. Не знам ни дали ќе го познаам јас него, јас иста сум, освен што косата ми е посветла.
Не знам јас и каде би се сретнале, сосема на различни патишта сме со него, плус јас претежно не сум во родниот град.
Другите машки не можам да ги наречам љубови, посебно не оние кратки врски што биле или па чат-пат мување. Кој и да видам ќе си ја свртам главата, ќе се правам како да не го видов, зошто од празни муабети нема фајде, ниту па од поглед во нечии очи.
Ако некој толку сака да се поздрави ќе најди начин ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy