Моментално читам...

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Пат околу светот во 20 раскази (антологија на светскиот расказ од втората половина на ХХ век)

На почетокот прв ми дојде Борхес, интересен за сега, фондот на зборови ми се совпаѓа со вкусот, не е хаотичен толку колку што имам чуено од други.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Мистер Гвин - Алесандро Барико
Познат писател еден ден решава да прекине со пишувањето на неговите дела и после одредено време се решава да го смени текот на неговото писателско перо. Како што има сликари кои прават портрети, така тој со својата дарба на писател, се впушта во истиот свет - сликање на портрети со пишани зборови.
Ексцентричен е Барико, дефинитивно.
 

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Скриена во најмрачниот агол- Елизабет Хејнс
Аууу одличен трилер (y) прва книга на писателот а колку голем успех доживеа.

Он. Фатални желби - Бруклин Хадсон, хорориште е книгава.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Arthur & George - Julian Barnes
Две животни стории, едната на Артур кој со тек на време ќе стане реномиран писател на детективските мемоари на Шерлок Холмс, другата на Џорџ кој со тек на време ќе стане правен застапник (адвокат ваљда?) како и целиот свој живот ќе го посвети на изборување на своето право (пола индус/парс е). И тогаш нивните животни приказни ќе се испреплетат. Книгата е релативно ново издание, стилот е од полесните за поимање.... тоа што ја прави книгава неверојатна е реалниот приказ на тогашното „златно“ викторијанско доба на Англија, односно почетокот на изминатиот век кој фрла и светлина на денешното доба каде иако се заборавени некои вистински вредности, се отсликува тоа дека човекот и не се променил многу во овие 150 години, туку само околината во која се наоѓа.

Рај не зна за миљенике - Е.М.Ремарк
Уште едно прекрасно дело на неповторливиот Ремарк, полно со сентименти и чувства кои сите ние ги имаме но се трудиме на секој можен начин да ги поттиснеме и да останеме рамнодушни. Приказна за безусловната љубов погледана низ повеќе агли како и тоа дека секогаш, ама апсолутно секогаш постои моментот на несфатеност и недоразбирање кои раѓаат разочараност и бескрупулозност. Особено е интересен боемскиот опис на Ремарк кој е присутен во повеќето негови романи и ве тера барем малку да вкусите од тие неколку заборавени вредности.
 
Последна промена: