Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Amsterdam - Ian McEwan
Двајца пријатели се собираат на погреб кај една скоропочината нивна дамнешна заедничка љубовница. Со самото тоа што таа некогаш им оставила голем отпечаток во нивните души, а сега е веќе мртва - тие одново размислуваат за животот кога биле млади и за тоа што ако на едниот го снајде слична судбина како Моли - нивната некогашна љубовница. Дали другиот ќе има доволно грижа на совест да го спаси од маките кои се неизбежни со тешката болест.
Парада на марионетките - Евгениј Хоуп
Очекував повеќе. Не ми се допаѓа што со неполни 60-тина страници веќе се знае се` за главниот лик. Ќе видиме до крај како ќе испадне книгата.
Светот не е фабрика за исполнување желби- Џон Грин
Изгледа книгава е навистина добро зошто јас како машко почнав да ја читам и сум многу задоволен, изгледа дека е навистина добра.
"Внатрешно патување" - Ошо
Додека не го прочитав ова дело на Ошо јас мислев дека духовната страна е најважна за човекот, а телото е нешто кое како алатка нѝ служи за подобро функционирање и ракување со животот. Ошо ми го докажа спротивното!
Книгава не може да се раскаже таа само може да се прочита и да се доживее.
Николски - Николас Дикнер (во издание на Антолог).
Нешто налик на On the road на Jack Kerouac, малку полесен стил, ама ветува добро патешествие на мислата.