У мое време се играше џамлии, народна, делфин, жмурка, плочка, ластик, штркот бара боја и ред други забавни игри со кои сме тепале време...
Годинава кога падна првиот снег кога натрупа ептен се собравме друштво све волови од 25-26 години да правиме снешко во градинка. Очекував да видам некое помало дете што ке се израдува на првиот снег и да почне да прави снешко но релноста беше обратна од очекуваното. Според мене место да се соберат да прават снешко или да прават бункери од снег за снежна војна, они се пред компјутер, но не да се образуваат туку безделничат на фејзбук, со играње на насилни игри и слично.
Има деца што кога ке дојде прашање за факултетско образување бираат Инфроматика бидејќи биле добри во Dota,Canter и сл.
До први колоквиуми они се најфаца, они знаат се.. Завршуваат колоквиумите како испопаѓале така се откажуваат од факултет и почнуваат со работа у маалски кафич...
Пред некој ден ја носев внуками на школо 1 ( нулта) оделеение и едно од нејзините другарчиња имасе Iphone и iPad...Тоа сметам дека е најголема грешка на родителите што ги учат своите деца да зависат од парче технологија. И еве тука пак се навраќам на муабетот од горе, децава ќе научат да инсталираат некоја игра или програма или било каква друга апликација и се сметаат за хакери..
Не велам да им се забрани технологијата, нека им се даде компјутер, интернет и се, но нека ја користат за едукативни цели..
А за пијанчење, пушење , глупирање и јас сум го правел тоа така да немам право да зборам за тоа :trepka