Младината денес

Glorry

Истакнат Член
14 февруари 2012
261
369
63
Сметам дека доста е присутна темава кај сите нас и би сакала да развијам дискусија за денешните деца,кои се застрашувачки тупи и глупи,без никаков речник,дрски,разгалени и некултурни.
Во едно основно училиште,деца од петто одделение правеа тест по математика.Со оглед на тоа колку им фаќа кликерот наставникот направи два теста, до тројка и за петка.
На тестот имаше задачи од типот 12+34 20 + 0 23x1 и слично. Ако верувате незнаат да собираат и одземат ниту пак да делат и множат.Луѓе,се што знаат е љубомора,тепање,шпански серии и фејсбук! Факт е дека се неписмени и брзаат да пораснат,да не започнуваме за фаќањето дечковци и мувањето со секој втор...
А тек па темата лезбејки и педери...Што мислите ? Имате некој таков близок случај,или пак познавате некое од децава ...
 
  • Like
Реакции: Lovely*-* and Gemini

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,031
2,642
1,143
26
Битола
такво е општеството деновиве, сето тоа го има по телевизии по интернет, се додека по телевизии ни се шетаат онакви ко боки 13 или онај манекот или манеккенката не знам шо е така ке биди.. инаку голема одговорност имаат родителите за тоа..
 
  • Like
Реакции: Badass

mAcIkA

Истакнат Член
14 февруари 2012
376
516
393
Младите денес само го прават тоа на кое што ги наведува целиот свет,исто како во времето на мајками што било чудно да излегуваш во 12 часот навечер,сега нас ни е чудно тоа што 8-мо одделение деца излегуваат се пијанчат факаат дечковци и женски,пушат цигари,Едноставно тие прават гледаат што прават тие околу нив и истото само го копираат.Има и паметни деца не се сите затупени ,ама со цела оваа технологија стануваат Ајнштајни на 6 години па и тоа е малце не вообичаено.И да има некои што сакаат да играат на улица ,и да јадат леб со ајвар пред куќа ,или ке треба сами да си ја шутираат топката и сами да играат криенка а во најлош случај на фб одма ке го кажат тие кои од дома не излегуваат :) загрев се децава ми иди понекогаш сите да ги нашлакам...
 
  • Like
Реакции: Selma, Sara and Glorry

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,031
2,642
1,143
26
Битола
да стануваја ајнштајни на 6 години кебеше арно зашто ајнштај бил ептен паметен човек ( не мислам на ниво на интелегенција) туку знаел во секоја ситуација како да се снајди а за денешните деца ептен мангупски и шанкурски е да пушиш и да се пијаниш... родителите се виновни не технологијата ...
 
  • Like
Реакции: ScoobyDoo and Glorry

Glorry

Истакнат Член
14 февруари 2012
261
369
63
Абе ајде,на што личи тоа,ми се пикнале вчера едни во зграда и се стаиле еден врз друг и кооојзнае што правеа...Влегувам јас,светло немаше се стресов,кога ги видув клиндури од 8мо,ако не беа и помали..аууу си викам до кај стасавме ....
 
  • Like
Реакции: JaMi

mAcIkA

Истакнат Член
14 февруари 2012
376
516
393
Не ,мислев за некои што се таленти за компјутери,пеење ,цртање,и кај нас ги има такви што стануваат популарни од бебиња.
Родителите виновни..?Да имаш ти дете и сите негови другари да имаат компјутери и да се занимаваат по цел ден со нив ти на твоето ке му забраниш..?Или пак да излегуваатсите во 12 ти твоето ке му речиш во 9 дома да е...Јас не мислам така ,потоа сите ке го зафркаваат ке му зборуваат глупости вака така,и на крајот ке нема со кој да се дружи...Да се криви росителите ама помалку од околината и опкружувањто во кое живееме
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,031
2,642
1,143
26
Битола
Не ,мислев за некои што се таленти за компјутери,пеење ,цртање,и кај нас ги има такви што стануваат популарни од бебиња.
Родителите виновни..?Да имаш ти дете и сите негови другари да имаат компјутери и да се занимаваат по цел ден со нив ти на твоето ке му забраниш..?Или пак да излегуваатсите во 12 ти твоето ке му речиш во 9 дома да е...Јас не мислам така ,потоа сите ке го зафркаваат ке му зборуваат глупости вака така,и на крајот ке нема со кој да се дружи...Да се криви росителите ама помалку од околината и опкружувањто во кое живееме
абе види сега не би му забранил ама би го ограничил и би го мотивирал да биди добар и послушен.. баш како шо ме воспитуваај мене, ако завршам со сите петки ке имаш мобилен ми викаја и ајс сили се завршив само со една 4 четворка ам сепак добиов мобилен.. ама и јас имав доверба во родителите и тие после во мене имаја доверба после то, зато родителите се криви, а шо ак осите деца се фрлаат в орека и моет ода се фрли зашто било кул и убо...?
 

важна

Истакнат Член
14 февруари 2012
552
694
93
29
Скопје
Младината денес...колку клише ми звучи реченицава. Демек вие никогаш не сте биле млади. :) Е сега, едно е пубертет (поради кој некои глупости се оправдани), а сосема друго е лошо однесување, неинформираност, некултура итн...неможам да разберам како можат да уживаат да се пијанчат секој викенд, со цигарите во уста, женските да се шетаат/сликаат полуголи, ај на шетање, па и на школо така одат, нашминкани, чиниш на модна писта се наоѓаат. Епа за тоа се виновни родителите, не ја мешајте технологијата. Инаку да се разбереме, со постов не мислам на сите млади, туку на оние кои што така се однесуваат.
 
  • Like
Реакции: JaMi, ScoobyDoo and Glorry

mAcIkA

Истакнат Член
14 февруари 2012
376
516
393
е да сега во реката ке се фрламе...тоа е само така кажано...прајме муабет за излегувањр,седење на комп.по цел ден.За глупости правење секој родител ке му кажи на детето дека не е во ред..
 

Lucia

Староседелец
14 февруари 2012
33
58
1,018
Младината денес е многу поразлична од младината пред некој си десетина години.
И за жал тие промени се во надолна линија. Младите денес брзаат да пораснат, речиси и немаат детство. Девојчиња од по 12 години се брзаат да фатат дечко, како да ќе нема време во иднина за дечковци и слични ствари.
Друго, денешнава младина е многу невоспитана. Речникот им е уличен, со пцовки и погрдни зборови.
Но не се криви само децата и младината воопшто. Голем удел има и брзиот развој на технологијата, брзото животно темпо кое го наметнува денешницата, па родителите немаат доволно време да им се посветат на децата.