80ти или 90ти (меморијава за години ми е дупка) години во мало местенце во Мизури, моторџија доживува несреќа каде излетува од патот многу лошо, а дури да стигне итната помош, истиот веќе не покажува знаци на живот.
Лекарите упорно пробуваат да добијаат пулс, но се чини дека обидите им се залудни.
На праг да се откажат, слушаат женски глас како ги моли полицајците да ја пуштат бидејќи мора да го допре починатиот за да му помогне.
Бидејќи ситуацијата е веќе безизлезна, ѝ дозволуваат да се доближи. Слабичка жена во црна, скромна викторијанска облека клекнува до дечкото и почнува да кажува молитви на јазик кој никој не го препознава. Го држи за рака и рецитира чудни зборови некои 10-15 минути, по што ЕКГ-то прикачено за дечкото почнува да дава пулс.
Потоа жената полека станува и си заминува без да каже збор. Ја снемува ко во магла, исто ко што и се појавила.
Во ред, јасно е дека Мизури, Њу Орлеанс, Мисисипи и слични рурални места се чест извор на вакви приказни, но интересното во овој случај е што неколку од полицајците, лекарите и случајните минувачи не ја виделе жената и веруваат во приказната донекаде, чисто поради тоа што типот, после ужасен пад и некои 30ина мин. смрт, уште истиот ден си отишол дома со мали повреди, додека пак останатите се колнат во нејзиното постоење.
Дешавкава не е од никаков сајт, туку ја имаше на моите вечно сакани Unsolved Mysteries, со вистински сведоци, како и преживеаниот. Секако, не викам дека можеби и не е некаков договор за 5 минути слава, но секогаш ми се интригантни и фасцинантни ваквите приказни. Што знам, некако сум поуверена дека секогаш некаде постои нешто што не е од нашиот свет/опсег.