Мистериозни појави

mountian

Полноправен Член
30 јануари 2013
56
29
18
Се почесто се случуваат некој чудни работи околу светот,ме интересира како ги разбирате овие мистериозни појави.Некој случувања науката не може да ги објасни а некој веднаш наоѓаат некоја научна теорија.

Велат дека на небото се појавила Светата Дева Марија.Повеќето луѓе ослепеле после овој настан,но некој луѓе викаат дека прожектор ја контролирал целата ситуација:


Христос на небото над Русија:



Солзите или плачот означуваат и се предзнак за големите гревови на луѓето и предзнак за големи природни катастофи и смрт на многу луѓе.
Вакви појави се забележани во Јапонија и Грција...



Бидејки во светот има се повеќе атеисти и безбожници,мислам дека ова се знаци за да почнеме да се покајуваме за нашите гревови.Да се вратиме со верата кон Бог и добриот пат на животот со вера и љубов, повеќе да се сакаме помеѓу себе и да си помагаме со добри дела.
И дека крајот и второто доаѓање на Бог се приближува.
 

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Верувам само во ситници од се' ова што е наведено , како апсурд ми е де ... :D
Иначе сег и да се случи некое "чудо" кое е вистинско , ќе неможе да се препознае поради оние лажните . :|
 

Dr.Gonzo

Истакнат Член
23 февруари 2012
652
1,915
393
Fukushima
www.gonzo.com



 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malata.. and The_Mayor

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,848
1,153
Верник сум во Бога, ама сметам дека овие работи се чиста манипулација.
Чист пример се сликите што ги постира Dr.Gonzo знам луѓе што вакви работи одлично знаат да направат со фотошоп.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: mountian

ComputerService

Истакнат Член
29 јануари 2013
443
235
143
Нема врска фотошопот со сликите што ги изваде дечкото ..
Значи јас лилно сум видел вакви дека .. особено нај веке .. кога ги сечам дрвата . и срцевината на дрвото некогаш дава лик .. како на Исус или некој други светци
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: violetmoon and mountian

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,415
7,073
1,153
Big Sur
Освен личните убедувања, сликите ко оние што ги оставил Гонзо, се причина плус поради која не верувам во вакви работи.
Озбилно...Исус во џем...и што сака да каже Исус преку џемот? Благословен е оној што јадел?
Знам една година, кумата на мајка ми ко што мастела јајца во 5 сабајле, и’ излегло некое ко демек со крст, па не испоразбуди сите да ни каже. Јајцето беше такво поради тоа што една потемна линија се вкрстила со пукнатината (која, логично, по примањето боја станала потемна), па не беше никакво чудесно откритие.
Сплет на околности, светлини, сенки...и најбитно, нашата имагинација, верувања и убедувања, верувам се клучните елементи за ваквите појави. Кога за нешто упорно се убедуваме или не убедуваат дека е такво, имаме тенденција да попримиме.
И не е непознато дека ваквите мистериозни, необјасниви појави, се припишуваат на мистицизмот.
Ете, некогаш народот сака да си верува дека од некаде добива знак. За утеха, за било што...

р.ѕ. Се надевам нема замерки што го изменив малку насловот. Тоа „чудесни“ некако на бајковити асоцира(ше).
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,418
9,128
1,683
Кушкундалево
Луѓето го гледаат она што сакаат да го видат. Нашиот мозок е привикнат да препознава форми и облици.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: lady_blue

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
639
93
Умре Тоше, ликот на Тоше на јајце.
Дојде Велигден, ликот на Исус на јајце.
Дојде Божиќ или Велигден или не знам кој празник, се исчистија иконите во таму некоја скопска црква.
Умре Мајкл Џексон, па се појави сенка негова на слика.

Да бе, да..