Мистериозни појави

ComputerService

Староседелец
29 јануари 2013
443
235
1,043
Значи тоа е природно односно тоа е секојдневие .. Да се појавуваат такви работи .. значи немора да значи што форма има и каде .. Еве има и некои дрва што природно на нивната кора .. се појавиле ликови на светци .. тоа ти е исто како со талогот од кафе што се наоѓа во финџалот .. но некој луѓе виделе дека и тука има нешто маѓично па почнале да гледаат на кафе :D сепак се нешто што ке излезе е некој знак .. за кој ние луѓето не го прифаќаме нештото и не веруваме во него .. а едноставно за се нешто господ ни е на уста :S по лош пат одит народот а исто така и религијата се распаѓа.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo, Outrider and Altaïr

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
А да ни објасниш нешто повеќе околу сликава?
Што е чудово? Што е мистеријата околу него?

Луѓе, не лепиме албуми со сликички, аман. (worried)

Јас како sucker за мистерии имам читано одамна за ова, мислам дека бил урбан мит, советски експеримент за тоа како телото функционира без сон со некој гас и изолациска комора во која држеле неколку ликови кои не спиеле две недели или така нешто и почнале самите себе да си касаат делови од телото, автоканибализам :zelen ваљда крајна цел била да се создаде Суарез(party)
 

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
@Electra многу се возбуди бе душо , убаво кажа @Outrider иначе ова е Руски експеримент со тоа што оваа појава е изолирана во специјална соба со тоа што е под постојан видео надзор и после дадената состојка го гледаат ефектот кој е застрашувачки како што кажа @Outrider !
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
@Electra многу се возбуди бе душо , убаво кажа @Outrider иначе ова е Руски експеримент со тоа што оваа појава е изолирана во специјална соба со тоа што е под постојан видео надзор и после дадената состојка го гледаат ефектот кој е застрашувачки како што кажа @Outrider !

Тоа е урбан мит само, иако одлично скоцкан урбан мит.
Макар да и во реалноста имало бајаги забегани експерименти, посебно кога планирале да направат мелез помеѓу мајмуни и луѓе и со тоа да дојдат до совршено послушни војници со поголема физичка сила и кондиција од обичен сапиенс :svirka
https://en.wikipedia.org/wiki/Ilya_Ivanovich_Ivanov

А за сликата требаше да стаиш две три реченици барем, јас се збунив си викам шо бара слика од викторче на форумов ама после ми текна дека е митски совјет експеримент.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Mnogo Bitno

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
@Electra многу се возбуди бе душо , убаво кажа @Outrider иначе ова е Руски експеримент со тоа што оваа појава е изолирана во специјална соба со тоа што е под постојан видео надзор и после дадената состојка го гледаат ефектот кој е застрашувачки како што кажа @Outrider !
Е тоа е, златен, имаш неверојатна моќ да возбудуваш женски.
Нема да те убие ако пишеш вака бар реченица плус. :)
---
Иначе ми текна дека сум ја читала крипи пастата. Ја имаше на Имгур пред некое време со уште неколку.
И овде има уште некои, ако не ви се спие. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Toa крипи паста е повеќе ко оние приказните што ги кажуваат во филмовите кога се сите седнати во круг и раскажувачот држи електрик кој му го осветлува лицето. Скоро сѐ се приказни за плашење деца или rng-то ме мрази мене и само такви приказни ми фрла. :D
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
80ти или 90ти (меморијава за години ми е дупка) години во мало местенце во Мизури, моторџија доживува несреќа каде излетува од патот многу лошо, а дури да стигне итната помош, истиот веќе не покажува знаци на живот.
Лекарите упорно пробуваат да добијаат пулс, но се чини дека обидите им се залудни.
На праг да се откажат, слушаат женски глас како ги моли полицајците да ја пуштат бидејќи мора да го допре починатиот за да му помогне.
Бидејќи ситуацијата е веќе безизлезна, ѝ дозволуваат да се доближи. Слабичка жена во црна, скромна викторијанска облека клекнува до дечкото и почнува да кажува молитви на јазик кој никој не го препознава. Го држи за рака и рецитира чудни зборови некои 10-15 минути, по што ЕКГ-то прикачено за дечкото почнува да дава пулс.
Потоа жената полека станува и си заминува без да каже збор. Ја снемува ко во магла, исто ко што и се појавила.
Во ред, јасно е дека Мизури, Њу Орлеанс, Мисисипи и слични рурални места се чест извор на вакви приказни, но интересното во овој случај е што неколку од полицајците, лекарите и случајните минувачи не ја виделе жената и веруваат во приказната донекаде, чисто поради тоа што типот, после ужасен пад и некои 30ина мин. смрт, уште истиот ден си отишол дома со мали повреди, додека пак останатите се колнат во нејзиното постоење.

Дешавкава не е од никаков сајт, туку ја имаше на моите вечно сакани Unsolved Mysteries, со вистински сведоци, како и преживеаниот. Секако, не викам дека можеби и не е некаков договор за 5 минути слава, но секогаш ми се интригантни и фасцинантни ваквите приказни. Што знам, некако сум поуверена дека секогаш некаде постои нешто што не е од нашиот свет/опсег.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr and Bozle