Места кои вредат да се посетат во Македонија | Црнобело Форум

Места кои вредат да се посетат во Македонија

The puss in boots

Староседелец
27 февруари 2012
221
147
1,043
25
Охрид
Обсерваторијата Кокино:


Куклица:


Струмички водопади:

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,347
113
Софија
Камените столбови („цуцки“) во „Долината на плодноста“ кај Конопиште
Земјани пирамиди, земјани столбови, камени кукли и камени столбови се релативно ретки релјефни појави настанати со интензивни процеси
на водно-механичка ерозија. За изградување на вакви форми, неопходни се повеќе услови (поволна карпеста и почвена подлога, соодветен терен, погодни климатско-вегетациски и хидрографски карактеристики, понекогаш и одредено влијание на човекот), што всушност е причина зошто се поретки појави. Добро оформени земјани или камени пирамиди имаат височина од неколку метри и карактеристичен изглед со поголем камен блок на врвот (во вид на капа). Особено ретка појава е поголема група, односно локалитет со земјани (камени) пирамиди со повеќе десетици форми. Така, во светски рамки има само неколку позначајни и покарактеристични локалитети со вакви појави, како што се во Кападокија (Турција), во Јужен Тирол (Италија), Ѓавоља Варош во Србија, Побити камени во Бугарија, потоа на некои места во Венецуела, југоисточна Азија и други.
Поради интензивните ерозивни процеси, во Македонија има неколку локалитети каде се јавуваат „групи“ на земјани (камени) пирамиди или столбови. Најзначајна е појавата Кукле кај селото Куклица со околу 150 форми, потоа камените столбови во сливот на Бошава со неколку десетици форми и Кукуљето кај Делчево со 20-30 форми. Помали локалитети со по неколку форми има во долината на Луковичка Река кај с. Косевица, потоа во долината на Петрошница во близина на с. Бајловце, на повеќе локации на планината Манговица, потоа во долината на Пехчевска Река и неколку други локалности.
Куклите во долината на Бошава се формирани на еден поширок простор, главно околу селото Конопиште. До нив се доаѓа по асфалтниот пат кој води од Кавадарци, преку висорамнината Витачево до с. Конопиште, во должина од близу 40 км. Неколку групи на појави се изградени на десната долинска страна на реката, односно на северните падини на планината Кожуф (јужно од Конопиште), а помалку и на левата долинска страна кон висорамнината Витачево (северно од селото). Особено интересни се 20-тина камени столбови во месноста Кањата или Цуцки, на десната страна од реката Бошавица, околу 1 км јужно од с. Конопиште. По својата генеза, изглед и карактеристики, овие форми се слични со куклите во Куклица. Тоа е разбирливо бидејќи и двете појави се настанати во вулкански карпи со сличен состав: андезити, андезитски туфови и бречи. Иако вулканските карпи во Кожуфската област се значително помлади (околу 2 милиони
години) во однос на вулканитите кај Куклица (околу 10 милиони години), самите форми имаат слична старост која се движи од неколку илјади до најмногу 20-50 илјади години. „Цуцките“ или камените столбови се високи од неколку метри до околу 15 м, а на врвот обично имаат поголем андезитски карпест блок или камен во вид на „заштитна капа“. Оваа „капа“ поради цврстината ги штити туфовите под неа од еродирање и всушност овозможува формирање на камен столб. Кај некои форми, камениот блок се распаднал или сурнал, по што се забрзала ерозијата на столбот. Но и без тоа, постепено столбовите се еродираат кон основата, се ронат, плакнат и уништуваат. Од друга страна пак, на погодни места каде има сличен геолошки состав со парчиња од цврсти карпи, постепено се изградуваат нови камени столбови или „цуцки“. Секако, овој процес е бавен и трае стотици па и илјадници години. Слични, интересни форми со пеќуркаст изглед, но со помала височина има и по страните на некои долови кои се спуштаат кон Бошавица, но и низводно, особено до с. Горна Бошава.
Инаку, веројатно поради изгледот на столбовите или цуцките, меѓу мештаните порано, но и денес се зборува дека камените столбови им помагаат на оние што не можат да имаат деца. Тие во овој дел на бошавијата се познати како симбол на плодноста, со што се поврзани и двете легенди што се прераскажуваат од колено на колено. „Едната е дека оние што не можат да имаат деца, треба од некоја од многуте фигури да изгребат земја. Таа се става во измолзено млеко од биволица, во кое се додава мед и така се пие”, раскажуваат мештаните. Тие кажуваат дека често се посетувани од луѓе што имаат мака. “Доаѓаат во селото и бараат спас, но не знаеме колкава е делотворната моќ на мистичните столбови”. Според другата легенда, камените фигури зрачат со некоја посебна енергија, па затоа младите сопружници треба да водат љубов покрај нив за да можат Цуцките да им помогнат да зачнат плодот. Заради наведените верувања и легенди, овој дел од долината на Бошава, помеѓу локалното население е познат како „Долина на плодноста“. Поради недостапноста на Кањата, лицата што го бараат лекот за неплодност, најчесто земјата ја собираат од камените фигури кои се во непосредна близина на земјениот пат, кој води од висорамнината над Кавадарци до Конопиште.
Инаку, за разлика од Куклите во Куклица, па и од Кукуљето кај Делчево, „цуцките“ околу Конопиште се многу слабо посетени иако се доста атрактивни. Причина е можеби оддалеченоста од поважните комуникации и од поголемите населби, слабата промоција и информираност, недоволната уреденост и слично. Сепак, доколку имате можност, задолжително посетете ги камените столбови и ќе бидете воодушевени не само од нив, туку и од целокупната, речиси недопрена природа во овој простор, како и од убавините на планината Кожуф.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,347
113
Софија
Водопадите на Бабакарина Река кај Кратово
Бабакарина Река е 4 км долга лева притока на Кратовска Река, која се влева во самиот град Кратово (на 610 м). Оваа мала рекичка извира под палеовулканската купа Буковец јужно од Кратово, на 1200 м надморска височина и до вливот се спушта низ стрмен терен составен од вулкански карпи со различна цврстина. Затоа, долж својот тек, рекичката изградила повеќе водопади. Од нив најинтересни се 5-те водопади кои се наоѓаат на самиот излез од Кратово кон с. Близанци, 1 км јужно од центарот на градот. Бидејќи во непосредна близина на водопадите минува асфалтниот пат за с. Близанци, тие се лесно воочливи од десната страна на патот, на оддалеченост од околу 200 м. Сепак, заради стрмниот терен и необезбедена патека, пристапноста до самите водопади е потешка. Инаку, водопадите се наоѓаат на надморска височина од 670 м до 640 м, што значи дека сите 5 заедно се високи околу 30 м. Најголеми се „долните“ два водопади со по 11 м и 7 м, а останатите се високи помеѓу 3 и 6 м. На дното од секој водопад, под ерозивното дејство од ударите на водата се формирале мали базенчиња (џиновски лонци) или вирови. Според постанокот, водопадите имаат ерозивен карактер и се формирале на место каде се сменуваат цврстите лавични карпи со помеките туфови. Водопадите на Бабакарина Река се најинтересни во пролетниот период кога располагаат со поголемо количество вода, иако функционираат речиси во текот на целата година. Близината до градот и до патот,
впечатливиот изглед со зеленилото и каскадниот пад во вид на слап ги прави водопадите на Бабакарина Река посебно атрактивни. Со поставување на соодветни информативни табли, патеки и фото-видиковец, нивната посетеност значително ќе се зголеми, што ќе биде во прилог на развојот на туризмот во кратовскиот крај.
Да напоменеме уште дека и на други делови од Кратовска Река и нејзините притоки има бројни водопади (особено кон с. Горно Кратово) високи по неколку метри. Заедно со прекрасниот палеовулкански релјеф на овој простор, кањонестите долини, растителниот и животинскиот свет, богатото културно наследство, архитектурата, традиционалните специјалитети и сето останато што го нуди, овој простор може да привлече бројни вљубеници во природата.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,347
113
Софија
Раткова Скала – всечена во карпите
На десетина километри североисточно од с. Злетово е прекрасната месност Раткова Скала. До неа се доаѓа преку асфалтниот пат од с. Злетово до селото Турско Рударе (3 км), потоа уште 4 км по добар макадамски пат до с. Шталковица и уште околу 2-3 км кон с. Ратковица по малку полош макадамски пат. Раткова Скала оддалеку е препознатлива по стрмните карпи со темно до светло сивкаста боја, така што е лесно воочливо кога ќе се дојде до неа. Инаку локациски се наоѓа длабоко во југозападниот дел на Осоговските Планини, во долината на Шталковичка Река (лева притка на Злетовска Река), поточно во нејзиниот горен тек. Овде, како последица на малата појава на извонредно цврсти кварцити, кои многу побавно се еродираат од околните кристалести шкрилци, релјефот има интересна физиономија, која отстапува од питомоста на Осоговските Планини. Имено, поради забавеното, речиси вертикално всекување на Шталковичка Река низ кварцитите, нејзината долина, во должина од околу 1.5 км има изглед на кањон, со стрмни,
речиси вертикални страни, длабоки и до 400 м. Всушност, долинските страни претставуваат големи скалесто наредени карпести отсеци – скали високи до 200 м, заради што самата месност се нарекува Раткова Скала (со името се поврзани бројни легенди). Најголеми отсеци се на десната (северна) долинска страна под с. Ратковица, каде се протегаат во должина од 1.2 км, а на левата долинска страна тие се нешто помали, високи до 130 м и во должина од 0.5 км. Вакви карпести отсеци со помали димензии, настанати со ист процес на ерозија има и кон југоисток во месноста Синковица. Нивното формирање и обликување траело речиси милион години, а самите карпи се стари стотици милиони години. Покрај карпестите отсеци, во релјефот на овој простор се изразени бројни сипари од распаднати камења и денудациски форми во кварцитите и кристалестите карпи (меѓу кои има и псевдопештери). Всушност, целата природа е доста интересна, со повеќе водопади на Шталковичка Река и нејзините притоки. Исто така има многу густа и разновидна вегетација по долинските страни, со повеќе ендемични видови. На некои места, густите шуми се речиси непроодни, а во летниот период можат да
се сретнат и разновидни животни: од гуштери, желки, змии до разни видови на птици (соколи, орли), лисици и волци. Движејќи се нагоре по долината (кон североисток) на Шталковица, по само 4 км може да се искачиме од 700 м во подножјето на Раткова Скала до над 1500 м кај локалитетот Пониква. Веќе над 1200 м надморска височина има преубав панорамски видик кон бројните вулкански купи во Злетовско, потоа кон Кочанската Котлина и соседните предели.
Освен природата, многу интересни за посета се селата во овој простор. Тие го задржале автентичниот архаичен изглед стар со векови. Поради сето наведено, подрачјето на Раткова Скала (заедно со локалитетите Пониква и Синковица околу неа), нуди одлични можности за престој на помали групи планинари, алпинисти и вљубеници во недопрената природа. Рекреативно-планинарските патеки, погодностите за поставување на алпинистички правци по карпите, потоа можностите за планински велосипедизам, па и за параглајдинг, можат да го направат овој простор доста атрактивен. Меѓутоа, при сето тоа мора да се води сметка да не се претерува, односно да се зачувува уникатната природа онака како што опстојувала со милениуми.
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Залив на Коските — залив во Охридското Езеро и археолошки локалитет на праисториска наколна населба на полуостровоти автокампот Градиште. Длабок е 3 до 5 метри. Местото е наречено „Плоча Миќов Град“ и денес има реконструкција на наколните живеалишта (Музеј на вода „Залив на Коските“) и платформи, со свој посетителски центар. Над него се издига обновено римско утврдување (каструм) со воени објекти од тоа време.

Најблискиот колец од вкупно 6.000 откриени е на 12 метри во езерото, со што се претпоставува дека е тоа колец од мостот што ја спојувал населбата. Се претпоставува дека се простирала на платформа од околу 8.500 м², а на неа имало можеби и 60-ина живеалишта. На местото се откриени многу остатоци од орудија, предмети од керамика, дрво, од камен и делови од животни како еленски рогови.

Наколните населби биле градови правени на платформи, кои стоеле на дрвени колци забодени на дното на езерото. На тие наколни платформи се наоѓале куќите на праисториските луѓе, кои со подвижен мост биле споени со брегот. Жителите на овие населби се занимавале најмногу со риболов, но и со земјоделство и лов. На ова укажуваат разните садови и предмети од керамика и камен пронајдени и на суво и под вода.

images.jpg
 
Последна промена од модератор:

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Трпејца
Познато и како македонското Сен Тропе. Дестинација за летниот период која вреди да се посети. Мало селце со богата историја и гостопримливи луѓе. А оние што биле верувам ќе се согласат со мене дека најубавото зајдисонце е токму тука. :)





 

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Пешна.
Во близина на Македонски брод,покрај патот за Самоков,се наоѓа оваа пештера која е посебна по многу работи.Пред некое време бев да ја посетам,како природен локалитет е фасцинанта, но непозната (засега) за човекот.

Откако ќе стигните до патот,и имате кој да ве води затоа што каде има - каде нема знаци, треба да излези оваа ливада пред вас.



Од тука,има обележана пешачка патека каде е пештерата,и доста канти за ѓубре,кои совесните граѓани несакајќи да ги извалкаат го фрлаат ѓубрето веднаш до нив,или наоколу ливадата.Може да ве сопнат разни пивски шишиња,остатоци од скара,најлони и слично.Откако ќе заврши патеката,се појавува,огромната A-hole пештера, ПЕШНА. Изгледа како од “Господар на прстените“.



Во пролет, и зима треба да течат изворите,а ако го погодите летниот период е празна и сува пештера.Змии не беа забележани за чудо.Има знак да се пазите од лилјаци а исто така доста орли забележав.
Кога влегувате,внатре е угорно и послано со карпи кои човекот ги декорирал со разно разни отпадоци (шишиња,кеси,кутии од цигари и сл)
Има и ѕид,остаток од некогашна кула од античко време.





Ова би требало да е влезот во пештерата.



Според испитувањата, е една од најдолгите пештери.Има подземни води и рипки кои имале идентична кожа како човековата (човечки риби ги нарекуваат) што живеат во подземното езеро.Излегува на сосем друга планина и е долга повеќе од 10 километри.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,303
5,809
1,683
Disco






Ресен, преспанскиот бисер, македонскиот Абердин.(inlove)
 

MacedonishQueen

Истакнат Член
17 јуни 2015
205
131
143
Струмичките водопади, вевчани, Калишта (Струга), Св. Наум(Охрид), Heraclea(Битола) и могила(Прилеп) :)