Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
хехе браво и јас бев така до пето одд и после иц не ме сакасе математиката а и да ти казам право и јас некако ја отсакав и не ми се свигјасе после тоа оти само букви и бројки писував и ми здосади хехеехехех
Имам дадено решен конкретен пример, кој не можем да го сфатим затоа што не е решен чекор по чекор и не се дадени правилата што се употребуваат.
Може да ми пратиш порака и да ми објасниш еден пример подетално?
Математика нитреба во животот собирање одземање множење делење а немаме потреба од вектори, полиноми.мономи и тн.
Добро ако некој сака да се запише нешто во врска со математика мора да ги знае и останатите работи
Инакуј јас сум слаб математика и Мразам МАТЕМАТИКА
Математика... на учителката и се загина левата патика...
Бев многу брлив во средно. Носев долга коса, исчкртани старки, исчкртан празен ранец, отсуствував многу.... добродушно и весело си седев на прва клупа и си правев тоа што ќе ми истекни, но никогаш не направив штета и не навдерив ниеден професор. Ама, не сака секој весели луѓе, а еден од таквите беше професорката (читај вештерка) по математика. Имаше виткана кратка црна коса, ф`скичаво лице, глупави искривени наочари со дебела рамка. Беше дебела, нервозна и непредвидлива. Налет другото, ми беше и класна.
Поради моето однесување имав перманентен кец wavespin) како и забелешка за поведение. Но што сум јас крив ако таа не знае да си го намали тонот и да одржи внимание кај учениците. Драга моја, ако немаш педагошка основа во твоето образование, ти не си за професорка. Со тоа ствараш одбивност кон учениците и ти го мразат предметот.
Математика е голема филозофија. Тоа го сватив тек на 19 години од ко почнав сериозно да се занимавам со автомобили. Е, тогаш ми притреба и математика и физика... Тогаш ја сватив суштината на сите тие глупости што тогаш ми изгледаа дека служат за мачење деца... но што можам сега откако ја зезнав работата, си помина времето!
Бараш како се добива инверзна матрица? Има неколку начини, кај нас даваат три и не ги знам по име и малку се комплицирани вака за објаснување.
1.
Прво што правиш е пресметување на детерминантата и ако детерминантата е различна од нула продолжуваш понатаму. Ако е нула нема инверзна матрица.
После наоѓаш adjA, а тоа се наоѓа на следниов начин (пример квадратна матрица 3х3):
|a b c|
|d e f|
|g h i|
За да добиеш адјунгирана матрица од оваа правиш 9 нови матрици од 2х2 и тоа на следниот начин:
а11:
|e f|
|h i|
a12:
|d f|
|g i|
a13:
|d e|
|g h|
a21:
|b c|
|h i|
a22
|a c|
|g i|
a23
|a b|
|g h|
a31
|b c|
|e f|
a32
|a c|
|d f|
a33
|a b|
|d e|
После на сите членови им ги правиш знаците според оваа матрица:
|+ - +|
|- + -|
|+ - +|
(кај што е плус множиш со 1, кај што е минус множиш со (-1))
Другиот начин е со помош на елементарни трансформации да ја доведиш до единечна матрица, па кога во единечна матрица ќе ги направиш истите трансформации ја добиваш инверзната.
Пример:
|a b c : 1 0 0|
|d e f : 0 1 0|
|g h i : 0 0 1|
Лево од двете точки е матрицата која е дадена, десно е единечната. Идејата е некако да ја доведеш единечната на левата страна со множење, делење, собирање и одземање редови и колони. На крај ќе добиеш нешто вакво:
|1 0 0 : m n o|
|0 1 0 : p q r|
|0 0 1 : s t u|
и таа матрица десно од двете точки е инверзната.
Трет начин е да го користиш равенството А*B=E каде B е инверзната матрица, Е е единечната матрица.
Пример:
А:
|1 0 1|
|2 3 1|
|0 1 1|
B ja задаваш вака зашто не ја знаеш:
|a b c|
|d e f|
|g h i|
Ги множиш вака како што се зададени и ги изедначуваш со:
|1 0 0|
|0 1 0|
|0 0 1|
На крај добиваш систем од равенки кој што мора да има решение.