Стенд ап комедија со сите нишани е она што го работи Никола Тодороски, тој дечкото, незаслужено помалку познатиот- од Охрид. А Марјан прераскажува како си го поминуваме ние овде секојдневието. Тоа што ни е таков менталитетот, на некого му е смешно, на некого не, што значи, не е нужно потребно за комедија. (уште помалку за стенд ап). Никола има свои оригинални шеги, одново смислени и креативни. Што е најважно, има осмислен коцепт на работа и ниту една минута од неговата стенд ап изведба не е залудна. Кај Марјан пак, секоја втора минута од видеото е залудно потрошена, или се смее без потреба, или изведува некои гримаси, прави мимики, се занесува...Како тоа Марјан кој НЕ е стенд ап комедијант е познат, а Никола кој Е стенд ап комедијант не е познат, не можам да си објаснам!