Повели постирај видео од било која манекенка која сметаш дека кажала нешто паметно и докажи го спротивното. Јас кога ќе налетам на некое такво интервју на јутуб, најозбилно ти кажувам дека се срамам за неа кога ја слушам што ломоти и не го догледувам видеото до крај. Со зборовите на Луис Си-Кеј: What is that? Is that even a person? Верувам дека добри 80% од луѓето кои ги гледаат тие интервјуа, ги гледаат на mute (ако ме разумеш) а останатите 20% се уште поглупави штом со внимание ја слушаат. На крај краева, под приглупа површна кокошка не мислам на манекенка која не знае колку е 2+2 (иако има и многу такви), туку мислам на девојка која е сведена на парче месо, и како таква се продава. Која девојка со грам мозок би сакала да биде таква?
Ова е најголемиот стереотип кој го имам прочитано откако се зачленив.
Де жити се,ако општеството ти налага да се водиш според општото правило дека се што е манекенка е глупаво,тогаш ти треба помош.
Пред да седнеш и да осудуваш некого само затоа што некој ти рекол дека сите се такви,потребно ти е сам да се увериш во тоа.