Манекенки

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Повели постирај видео од било која манекенка која сметаш дека кажала нешто паметно и докажи го спротивното. Јас кога ќе налетам на некое такво интервју на јутуб, најозбилно ти кажувам дека се срамам за неа кога ја слушам што ломоти и не го догледувам видеото до крај. Со зборовите на Луис Си-Кеј: What is that? Is that even a person? Верувам дека добри 80% од луѓето кои ги гледаат тие интервјуа, ги гледаат на mute (ако ме разумеш) а останатите 20% се уште поглупави штом со внимание ја слушаат. На крај краева, под приглупа површна кокошка не мислам на манекенка која не знае колку е 2+2 (иако има и многу такви), туку мислам на девојка која е сведена на парче месо, и како таква се продава. Која девојка со грам мозок би сакала да биде таква?
Не ги следам многу манекенките до таа мера да гледам видеа од манекенки, ама не може да се каже со толкава сигурност дека ниту една манекенка или фото модел нема грам мозок во глава, зошто просто е невозможно...И стојам на тоа дека е невозможно.
Секој човек си има различни желби и амбиции. Девојка со голем капацитет може да сака да биде фотомодел во слободно време, а во остатокот од времето да студира.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Јас гледам доста Fashion TV, ги знам речиси сите познати манекенки, и има многу разлика од high fashion и моделите на Victoria's Secret. Ако успеете да ми најдете слика од екстремно слаба манекенка на Викторија сикрет ќе ве честам што сакате. Сите се слаби и затегнати, но НЕ се анорексични.

Е во high fashion светот е сосема поинаку. Кога прават силните дизајнери колекции ги бираат сите анорексични. Затоа и ги сакам Викторија Сикрет, затоа што се пробуваат да вметнат нов, поздрав изглед во манекенскиот свет. За овие другиве, немам коментар навистина. Штета е што си го уништуваат телото така, тие жени никогаш нема да имаат здрав живот, менструациите им се нередовни, за да родат дете имаат 300 компликации, децата не им се како што треба бидејќи ги прекинуваат сите нутритивни производи кои би ги здебелиле неколку килограми...

Имаше една француска манекенка, не помнам како се викаше но заради пресингот од модниот свет се направила само кожа и коски. Мислам дека беше 180 cm а тежеше околу 40 kg. Немам друг коментар освен тоа е нешто што никогаш нема да прекине. Ако една се опамети и сфати дека не е живот тоа нејзиното, одма има друга "закачалка" да ја замени.

Сума сумарум, обожавам да гледам што е модерно, да гледам авангардни модели, ама никако не го подржувам промовирањето на екстремно слабо тело.

А за тоа колку се паметни, факт е дека глобално се посмотани отколку другите ама има исклучоци. Хајди Клум е добра, не дека е Ајнштајн, ама не е глупава. Жизел Бундшен исто. Tajра Бенгс е арна.

Лима, Ирина Шајк и останатите 97% од манекенките се натпреваруваат која е поголем точак.
 
candice-swanepoel-300.jpg

Оваа од Викторија Сикрет е? Не знам тебе дали ти личи на нормална... ама мене ми личи на куклушка за фаќање цреши
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ана-Каренина

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
candice-swanepoel-300.jpg

Оваа од Викторија Сикрет е? Не знам тебе дали ти личи на нормална... ама мене ми личи на куклушка за фаќање цреши

Не заборавај дека зборуваме за манекенскиот свет. Таму нема таман. Има слабо и ПРЕслабо. Кендис е слаба и затегната, но не е анорексична. Ако бараш пополничка, еве да речам нормална манекенка, нема да најдеш верувај.

gallery_main-candice-swanepoel-body-fat-02.jpg

candice-swanepoel-light-body-chain.jpg

Арна е Кендис, има и гради и задник. Е сега има исто и прерамен стомак, па затоа така мислиш. Една од најубавите е оваа, гревота ќе е ако не е манекенка:wub
 
Не зборував за рамниот стомак. На сликата горе.... изгледа ептен наведната...изнемоштена. Згора на тоа клучната коска горе под вратот и се гледа... рачињата и’ се толку гадни...слаби.
На овие сликиве што ги покажа ти, е многу добро обработена во фотошоп...
 
Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Не зборував за рамниот стомак. На сликата горе.... изгледа ептен наведната...изнемоштена. Згора на тоа клучната коска горе под вратот и се гледа... рачињата и’ се толку гадни...слаби.
На овие сликиве што ги покажа ти, е многу добро обработена во фотошоп...

Еве ти кај што не е обработена на фотошоп, туку е сликана од папараци дури е на одмор:
bikini-candids-at-st-barts-may-candice-swanepoel-bikini-2146358095.jpg

Candice+Swanepoel+Candice+Swanepoel+Hits+Beach+AeAvNLPf4Fyx.jpg

Така е застаната на сликата ти што ја постираше. И пак ќе се повторам во манекенскиот свет има слабо и ПРЕслабо. Одиме веќе офтопик, јас мислењето за манекенството и манекенките си го кажав.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Еве ти кај што не е обработена на фотошоп, туку е сликана од папараци дури е на одмор:
...

Немој да мислиш дека ако ги фатиле додека се на одмор не ги обработиле на фотошоп. Се буквално се што е јавно е обработено.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Сара.13

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
Добро сега има разлика од маникенка до маникенка. Има премногу слаби, преслаби маникенки, само кожата и коските не нив, анорексични, да ти се гади кога ги гледаш, но има и убави маникенки, со задник во нормала и средни гради. Мене Андријана Лима ми е убава и на тело и на лице, не е како некои анорексични маникенки. Пред некое време читав во едно списание демек размислувале да се поткрени границата за дебелината на маникенките, да бидат со фазла кила, бидејќи многу маникенки умираат од прегладнетост, ништо не јадат со денови и на инфузии се, ама шо ќе решат и како ќе биди не знам, не следам многу многу т.е. не ги следам воопшто маникенкиве.

Инаку ве читав погоре, не можи да очекуваате маникенка да има ептен големи гради, општо и да не биди маникенка девојче со просечна тежина. Ретко има слаби или со нормални кила кои имаат големи гради. Колку повеќе имаш кила толку и градите ти се поголеми, а ако ослабеш и тие се намалуваат. Никогаш нема да видиш дебела жена со мали гради, а слаба со големи да има ама во ретки случаеви.
 
Змејче

Незапирлива
14 јули 2013
1,193
2,423
1,123
ај и јас да се доврзам на темава...слаби манекенки не признавам, освен Адриана Лима....иако некои девојки имаат многу малку кг, а викаат дека им треба диета, немој молим ти се девојко, уште и диета ти треба (facepalm) еве јас да си признам слабичка сум па што....јадам редовно, но такви ми се гените, не сум модел, не ни сакам да бидам...не сум заинтересирана за таква можност...иако други ми викаат да бидам...sorry....NO! Стварно не ги разбирам манекениве што толку се слаби, што постигнуваат со тоа??? А да не зборам за нашиве (facepalm) од која до која се :p
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Еве ти кај што не е обработена на фотошоп, туку е сликана од папараци дури е на одмор:
bikini-candids-at-st-barts-may-candice-swanepoel-bikini-2146358095.jpg

Candice+Swanepoel+Candice+Swanepoel+Hits+Beach+AeAvNLPf4Fyx.jpg

Така е застаната на сликата ти што ја постираше. И пак ќе се повторам во манекенскиот свет има слабо и ПРЕслабо. Одиме веќе офтопик, јас мислењето за манекенството и манекенките си го кажав.
Е ова ми беше муабетот...
Значи во манекенскиот свет... слабото, во реален свет е ПРЕСЛАБО. А она што во манекенскиот свет ти го нарекуваш преслабо, тоа веќе ги преминува сите категории, не може да се вброи во ништо. Затоа што нивното тело не наликува на тело од жив човек. Да речам не наликува на хомо-сапиенс. Наликува на некој чуден мутант кој имал неуспешен обид да се претвори во човек.
Тоа ми беше поентава на темава... дека не е здраво ова што им го прават на девојкиве... Вакиов облик на тело... им го скратува да не речам за 30..ама за 20 години животот дефинитивно.