Деновиве ми текна на песнава, па ми текна овде да ја објавам. Врчак нешто не ми е многу посебно, но песнава поточно текстот ми е многу добар.
И повторно сам...
Чекам да се стемни за да излезам
воздух да ме фати, малку јас да прошетам
да поседам на некои места
кај што не сум бил одамна
зашто не сум можел да ги поднесам
сите слики што ме тераат да заплачам
кога на тебе мислам, не можам
вака умирам, не смеам, премлад сум
тебе да те барам, еве паѓа мрак
дење губам такт, мислам даваш знак
ми велиш биди јак, биди она што не бев јас
кога требаше да сопрам а земав пак...
РЕФ:
Во твојот поглед бев безгранично изгубена
за првпат сфатив што значи да сум вљубена
на мојот образ ноќва, една солза блеснува
срцево мое, како Исус те воскреснува
Девојки, добри песни, јаки коли, мотори
ми беа мене во главава увртени, па се вртев јас по нив
бев многу див, но никој не ми е крив
Тебе, тебе пијаници, деликвенти, наркомани, дилери
ти беа богови на кои се покори,
кои те учеа во што се најдобри
ги стигна сите, а мене ме остави да те гледам како тонеш
како пропаѓаш без да можеш рака да ми подадеш
а јас се од себе правев да ти помогнам
ко сите што те сакаа тебе
kako prop|aa{ bez da mo`e{ raka da mi podade{
a jas se od sebe pravev da ti pomognam
ko site {to te sakaa tebe
РЕФ:
Да веруваше во себе, не ќе беше вака,
ти ќе беше меѓу нас дете секој што го сака,
зашто ти беше бестрашниот тој
оној кој стално велеше дека ќе проба се во животот свој
па добро де кој те тераше да продолжиш така и дали
мораше да завршиш со шприцот во рака
зарем не знаеше ти што зад грб те чека
и колку јако ти се враќа она скапо што се плаќа
последна ноќ, виното не фаќа
на улица до зори како пијани браќа
изгрејсонце кој дома нас не праќа
а ти се боцкаш, дур јас гледам нова ѕвезда како паѓа...
РЕФ: