Сакам да ви препорачам уште еден наш писател, Гоце Смилевски, кој е познат по делата "Разговор со Спиноза" и "Сестрата на Зигмунд Фројд".
Верувам дека повеќето од вас имаат прочитано барем една од овие книги.
Јас сакам да се задржам на "Сестрата на Зигмунд Фројд". За оваа книга Смилевски има добиено Европската награда за книжевност.
Фасцинантен роман за една од сестрите на Фројд. Во книгата е опишан животот на фамилијата Фројд, растењето покрај гениј, неговата себичност и индеферентност за своите сестри. Стилот на Смилевски е приступачен, сликовит и лесен за читање. Меѓутоа оваа книга има три издајнија (што највеќе ме нервира), ако не сте ја читале побарајте го последното издание од 2011 год на издавачката куќа Дијалог. Топла препорака.
Гоце ми е еден од многу ретките денешно-етабилрани и оформени квалитетни писатели од нашето поднебје. Иако ретко читам наше поради едната-те-иста тематика и црнина исто како во повеќето наши филмови, се случува да ми паднат во раце некои македонски романи. Рецимо би рекол за Петре. М. Андреевски, не би го читал да не постоеше кај него таа толку богата речитост и фонд на зборови како и вклопување на истите во една мисла, затоа што да бидам реален, преку глава ми е од македонскиот чемер, неправда, црнина... Но Петре веќе ја отстапува генерацијата на своите следбеници, така да јас би го ставил една поназад. Денешниве писатели или го пробуваат да направат некоја копија на истите претходници, без притоа да не вложат ама апсолутно ништо свое, или па лупаат фрази без никаква врска демек глумат несфатени, супериорни над сите останати. Има такви кои пробуваат да го пробијат патот со релативно лесни книги (Винка Саздова) но после 2 прочитани веќе шаблонот им е ист. И имаме писатели како Гоце Смилевски. Да ја доближат доволно одредената приказна, и за обичниот, но и за оној кој бара повеќе комплексност во текот на мислата. Да речеме Сестрата на Зигмунд Фројд може секој да ја прочита, но може и секој различно да ја интерпретира. Притоа на повеќето би им се допаднала, што значи Гоце тоа добро знае да го претстави пред своите консументи. Него (може да) го читаат сите.