Македонска литература

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Сакам да ви препорачам уште еден наш писател, Гоце Смилевски, кој е познат по делата "Разговор со Спиноза" и "Сестрата на Зигмунд Фројд".
Верувам дека повеќето од вас имаат прочитано барем една од овие книги.
Јас сакам да се задржам на "Сестрата на Зигмунд Фројд". За оваа книга Смилевски има добиено Европската награда за книжевност.
Фасцинантен роман за една од сестрите на Фројд. Во книгата е опишан животот на фамилијата Фројд, растењето покрај гениј, неговата себичност и индеферентност за своите сестри. Стилот на Смилевски е приступачен, сликовит и лесен за читање. Меѓутоа оваа книга има три издајнија (што највеќе ме нервира), ако не сте ја читале побарајте го последното издание од 2011 год на издавачката куќа Дијалог. Топла препорака.
Dijalog-Macedonia.jpg

Гоце ми е еден од многу ретките денешно-етабилрани и оформени квалитетни писатели од нашето поднебје. Иако ретко читам наше поради едната-те-иста тематика и црнина исто како во повеќето наши филмови, се случува да ми паднат во раце некои македонски романи. Рецимо би рекол за Петре. М. Андреевски, не би го читал да не постоеше кај него таа толку богата речитост и фонд на зборови како и вклопување на истите во една мисла, затоа што да бидам реален, преку глава ми е од македонскиот чемер, неправда, црнина... Но Петре веќе ја отстапува генерацијата на своите следбеници, така да јас би го ставил една поназад. Денешниве писатели или го пробуваат да направат некоја копија на истите претходници, без притоа да не вложат ама апсолутно ништо свое, или па лупаат фрази без никаква врска демек глумат несфатени, супериорни над сите останати. Има такви кои пробуваат да го пробијат патот со релативно лесни книги (Винка Саздова) но после 2 прочитани веќе шаблонот им е ист. И имаме писатели како Гоце Смилевски. Да ја доближат доволно одредената приказна, и за обичниот, но и за оној кој бара повеќе комплексност во текот на мислата. Да речеме Сестрата на Зигмунд Фројд може секој да ја прочита, но може и секој различно да ја интерпретира. Притоа на повеќето би им се допаднала, што значи Гоце тоа добро знае да го претстави пред своите консументи. Него (може да) го читаат сите.
 
Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland

Јас само ќе се надоврзам, на Винка Саздова и е таков стилот, мене ми е женски Паоло Коељо, но сепак си има своја публика. Големата предност кај неа е што има своја издавачка куќа па нема проблем со издавањето и рекламирањето на своите дела. Но, морам да кажам дека во последно време ми се допаѓа политиката на издавачката куќа Или-Или кој освен странски автори, има издадено и промовирано дела од повеќе македонски писатели. Еден таков автор е Лидија Димковска која покрај Смилевски ја има добиено Европската награда за книжевност за делото "Резервен живот".
 
Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Редхед, според мене, своевидна навреда е споредувањето на Винка со Паоло.
Него го оставам на страна, сите знаеме кој му е стилот на пишување, на оние кои бараат лесна литература им се допаѓа, на многумина не.
За разлика од него делата на Винка се исто читливи, привлечни но далеку од плитки и површни како оние на Паоло.
Барем мене и полиња со диви нарциси(особено оваа) и понекогаш доаѓа среќа ми се две книги кои се едни од подобрите од современата македонска литература.

Да се надоврзам и на муабетов за Смилевски.
Ја имам прочитано сестрата на Зигмунд Фројд одамна, и мене во тоа време ми беше малку потешка да речеме, но интересна и привлечна. Човекот дефинитивно знае да раскаже и умее со зборовите.
 
Не гледам зошто би било навреда. Прашање на вкус е. Според мене и двајцата автори се исти. Но, според мене.
 
Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Не гледам зошто би било навреда. Прашање на вкус е. Според мене и двајцата автори се исти. Но, според мене.

да да, секако е прашање на вкус.
не знам дали ме сфати, не навреда кон мене, таман работа.
туку општо, навреда мислам дека е кон Винка да се споредува со Паоло.... според мене е барем ниво погоре, ако ништо друго.. ама ко што кажа, секој со свое видување : )
а што имаш прочитано од Винка? и што од Паоло? :D
инаку ако и ја имаш прочитано само последниот чај тогаш сфаќам зошто имаш такво мислење за неа...
 
Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
да да, секако е прашање на вкус.
не знам дали ме сфати, не навреда кон мене, таман работа.
туку општо, навреда мислам дека е кон Винка да се споредува со Паоло.... според мене е барем ниво погоре, ако ништо друго.. ама ко што кажа, секој со свое видување : )
а што имаш прочитано од Винка? и што од Паоло? :D
инаку ако и ја имаш прочитано само последниот чај тогаш сфаќам зошто имаш такво мислење за неа...

Од Винка само Последниот чај, и не планирам воопшто да читам друга книга од неа.
А, за Паоло имам прочитано три книги Алхемичарот, Вероника реши да умре, Брида, и мислам имаше едно мало книжуле Прирачник за воин на светлината. Според мене се од исти калибар, истото просветлување во Индија и откривањето на смислата на животот. Не е по мој вкус. Иако, Паоло има многу "бестселери", според мене е квази писател. Исто и Робин Шарма ми е сличен со овие. :D
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Вероника се дешава во лудница во Словенија и отсекогаш сум сакал да знам каде е плиткоста во таа книга само што никој не ми одговорил...:)
Стварно има бестселери, без наводници и тоа :kafe
Него...која е разликата меѓу писател и квази писател?

Он - Не сум нешто запознат со мак-литературата, надвор од некои дела кои моравме да ги читаме како дел од образовниот систем. Не дека некој сакаше, мораше. Како што никој не сака да оди на заболекар ако не мора...мислам дека и доживувањето беше слично.
Парите се отепуачка на пример. Жалосно трошење на печатарска боја. Али ајде...национална уметнос`.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Redhead мораш да ја прочиташ полиња со диви нарциси, еве некогаш кога ќе посакаш полесна книга, а добра - земи ја неа.
Навистина отскокнува, не се споредува со последниот чај.
А и од Паоло имаш прочитано прилично малку за толку остро да го критикуваш.. јас освен најновата, се му имам прочитано.. и да тој му е стилот, тоа е мисијата, целта, универзумот, и бла бла.. единствено победникот е сам малку му се разликува. Не е лош писател, само не е ни нешто добар.
Овој третиов споменат, Робин... не би го коментирала, ама не доаѓа во истиот кош со Винка...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena and Prashina

Од Паоло повеќе од доволно ми е прочитани три книги за да си оформам мислење дали некој автор ми се допаѓа или не. Од тие книги можам само да кажам дека Вероника реши да умре, барем малку е поинаква од другите. За Винка, според стилот во кој што и е напишана книгата, не ми се допаѓа, не ме привлекува за да прочитам друга нејзина книга. Пак ќе кажам по стоти пат, мене ми се исти.

Вероника се дешава во лудница во Словенија и отсекогаш сум сакал да знам каде е плиткоста во таа книга само што никој не ми одговорил...:)
Стварно има бестселери, без наводници и тоа :kafe
Него...која е разликата меѓу писател и квази писател?

Он - Не сум нешто запознат со мак-литературата, надвор од некои дела кои моравме да ги читаме како дел од образовниот систем. Не дека некој сакаше, мораше. Како што никој не сака да оди на заболекар ако не мора...мислам дека и доживувањето беше слично.
Парите се отепуачка на пример. Жалосно трошење на печатарска боја. Али ајде...национална уметнос`.

Јасна ми е пораката на книгата, затоа и реков можеби малку одскокнува, но сепак мене лично не ми е нешто посебно.
Квази писател е некој налик Паоло, со издавање неколку книги годишно, без особена литературна вредност.

Според тебе кое дело од македонската литература би можело да се вреднува како национална уметност?
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Од Паоло повеќе од доволно ми е прочитани три книги за да си оформам мислење дали некој автор ми се допаѓа или не. Од тие книги можам само да кажам дека Вероника реши да умре, барем малку е поинаква од другите. За Винка, според стилот во кој што и е напишана книгата, не ми се допаѓа, не ме привлекува за да прочитам друга нејзина книга. Пак ќе кажам по стоти пат, мене ми се исти.

Јасна ми е пораката на книгата, затоа и реков можеби малку одскокнува, но сепак мене лично не ми е нешто посебно.
Квази писател е некој налик Паоло, со издавање неколку книги годишно, без особена литературна вредност.

Според тебе кое дело од македонската литература би можело да се вреднува како национална уметност?

Не сум премногу упатен во националната литература, од она што сум читал сепак би го ставил К.Рацин пред останатите, иако пишувал на нестандардизиран јазик а дел и на српски.

Друго што ми е нелогично е самиот епитет национална литература. Сигурен сум дека и во Мозамбик си имаат таква, си ги учат по школите `великаните` на националната книжевност без разлика за какви автори станува збор. Повеќе тоа е субвенционирање на сомнителни автори за потребите на национални агенди.