Македонска литература

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Колку читате дела од македонски автори (сеедно дали е поезија,проза,драма..) ?
Македонското творештво според мене одсекогаш било богато со многу квалитетни автори и дела. Почнувајќи од Петре М.Андреевски, Венко Андоновски,Стале Попов,Ташко Георгиевски,Живко Чинго,и уште многу многу други.
Колку денес купуваме македонски дела?
Според мене гледам во последно време зема залет македонската книжевност, се појавуваат нови автори кои што го задржуваат вниманието на читателите (Винка Саздова, Милош Димковски или познат како Евгениј Хоуп).
 
Bum-Bum

Истакнат Член
3 март 2012
1,125
1,844
423
Еден досаден град
Ми се допаѓаат некои од делата на нашите автори..
Во моментов читам книга на Винка Саздова...Полиња со диви нарциси...прексрасна книга што им ја препорачувам на сите...
А кога ке ја завршам оваа планирам да ја земам Последниот чај исто од Винка...па се надевам дека и таа ке ми се допадне како и Полиња со диви нарциси :)
 
The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,367
4,942
1,173
А кај се Чернодрински, Кочо Рацин, Васил Иљоски, Антон Панов, Ристо Крле, и Коле Неделковски - основоположниците на мак. литература? :^) Сум читал од Андреевски се сеќавам, од Славко Јаневски, а моментално на репертоар ми се за на школо Македонска Крвава Свадба, Чорбаџи Теодос, Парите се отепувачка, Печалбари. :)
 
  • Like
Реакции: Bum-Bum

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
А кај се Чернодрински, Кочо Рацин, Васил Иљоски, Антон Панов, Ристо Крле, и Коле Неделковски - основоположниците на мак. литература? :^) Сум читал од Андреевски се сеќавам, од Славко Јаневски, а моментално на репертоар ми се за на школо Македонска Крвава Свадба, Чорбаџи Теодос, Парите се отепувачка, Печалбари. :)
Па затоа пишав уште многу многу други да не ги набројувам сите, и да сакам ќе ми треба три дена. :)
 
  • Like
Реакции: The Tramp

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,239
1,758
113
Малку таму, малку овде...
Од македонскиве автори ги читам делата кои ми се за обработка во училиште.
А како дела кои сама ги бирам за читање никогаш не ме заинтересирале дела од некој македонски автор. Можеби ми е грешка, не знам, ама секогаш попривлечни за читање ми биле книги напишани од странски автори независно колку се познати на јавноста.
Пред некое време сакав да ја купам „Парада на марионетките“, ама не ми се допадна кратката критика. Не ме привлече некако за читање и не ја задов.
Инаку, тие што ги наброја Најф ми се веќе читани, и делата и други дела од наведените автори.
 
Ако не читаме тие што ни се за на школо, никогаш нема да читаме. ;) Мене не ми се интересни за читање од македонските зашто сите се со драматичен карактер и тупење во место, никаде немам видено фантастична книга или мистерија од македонски писател, а да не збориме за трилер. Зар до толку немаме фантазија ние Македонците? :^)
 
LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,239
1,758
113
Малку таму, малку овде...
Ако не читаме тие што ни се за на школо, никогаш нема да читаме. ;) Мене не ми се интересни за читање од македонските зашто сите се со драматичен карактер и тупење во место, никаде немам видено фантастична книга или мистерија од македонски писател, а да не збориме за трилер. Зар до толку немаме фантазија ние Македонците? :^)
Или немаме, или тие што имаат своите дела ги чуваат во компјутер. Реално, младиве македонски писатели немаат некоја иднина ако се занимаваат само со пишување. Едноставно, нема егзистенција овде од тоа...
Е сега ако некој се реши да пишува и да издава, тоа е само од преголема љубов кон пишувањето.
Веројатно повеќето немаат слушнато, но јас како пример за млад и надежен македонски писател би го издвоила Ненад Јолдески.
Дечкото е навистина телантиран и иако не пишува мистерии, трилери или некои тешки психолошки романи, она што ќе го напише е напишано од душа.
Неговата прва книга е Штамата на Енхалон (Енхалон е старото име за неговата родна Струга). Наградена е со прва награда во 2009. Се состои од раскази, негови мемоари, пишувани на дијалект и автентично на случувањата. Или накусо, си раскажув настани од неговиот живот.
На повидок е неговата втора книга-Секој со своето езеро-која ќе биде промовирана на Саемот на книгата.
Тој самиот кажува дека од пишувањето не очекува којзнае што. Свесен е дека кај нас нема да добие ништо освен лична сатисфакција бидејки сака да пишува. Но, многу други би сакале да можат да егзистенцираат од пишувањето. Свесни дека тоа е тешко, не пишуваат и не издаваат.
Можеби во тоа и лежи суштината на недостигот на македонски квалитетни автори...
 
Никогаш не сум слушнал за дечково. Иначе тука си во право, најголем проблем се финансиите. Колку време треба за да се напише една книга, а потоа дали ќе ти ја одобрат, па за печатење плаќаш, за корици и за 300 работи, а дали ќе ти успее сето тоа, односно дали ќе ја сакаат книгата читателите и дали ќе имаш промет од сето тоа?
Богами тешко е на денешницава да бидеш писател.
 
  • Like
Реакции: LadyInPink

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,358
2,204
423
Дома пред Пц
читам секоггаш коа сум у можност...последна книга од мкд автор беше Винка Саздова "Последниот Чај"
 
  • Like
Реакции: Ludaca

Mardy Bum

Староседелец
25 април 2012
178
180
643
behind you!
Ако не читаме тие што ни се за на школо, никогаш нема да читаме. ;) Мене не ми се интересни за читање од македонските зашто сите се со драматичен карактер и тупење во место, никаде немам видено фантастична книга или мистерија од македонски писател, а да не збориме за трилер. Зар до толку немаме фантазија ние Македонците? :^)
Тогаш не си доволно запознаен со македонското творештво, романтизмот, литературата меѓу двете Св. Војни, повоената литература (од кои многу мал број се обработуваат во средно), носат многу големи пораки, со јасни идеи и многу добро оформени ликови преку кои, на некој начин, се запознаваме со сопствената историја и култура, а посебно и преку повоената литература спознавајки и согледувајки ги нишките, квалитетот, сличноста на елементи од светската литература, со што би заклучиле дека некои од македонските автори и дела би можеле да ги ставиме на исто рамниште со странската книжевност! Мислам дека најголемиот минус е во тоа што е многу мал бројот на професори кои се способни целосно да ја предадат идеата, на книгите, наместо тоа книгите се обработуваат само по приказната, без притоа да се разговара за сутинските пораки кои ги носи книгата во себе.
За модерната не би зборувала многу, такво ни е времето во кое што живееме па имаме најразлична новосоздадена литература, и добри и лоши, и плагијати и многу генијално смислени..
за погоре коментарот би рекла - само прочитај нешто од делата на Влада Урошевиќ па потоа зборувај ни за тоа колку немале нашите автори фантазија, човекот е професор на катедрата по општа и компаративна книжевност и е мајстор на македонскиот надералистичен роман ..
Сепак мора да признаам дека не е се толку сјајно, пример последна книга која ме разочарала најмногу и посакав да ја искинам на милијони парчиња беше Полиња со диви нарциси, и госпоѓата Винка Саздова ќе ја обвинам за најбезцелното моето потрошено време некогаш! Исто така и од делата на Сашко Тасев не сум воодушевена премногу
 
  • Like
Реакции: redhead