Види сеа... ќе појдеш на врвот кај што се двои патот за Сопиште, има една таква куќа ко земјанка личи и надвор седи едно троглаво куче се вика Шарко-Дарко-Марко (мораш по овој редослед да го викаш инаку ќе се понаша како да има беснило од трет степен). И внатре во таа куќарка ќе го бараш Хаџи, тој сигурно го знае твоето потекло, можеби имаш некоја голема тајна, можеби лошиот човек Валдимир ти ги има убиено родителите, ваљда за ќеш, ама шо има везе, коа имаат отворено сметки во швајцарски банки, а знаеме колку се тие по дискрецијата. Па после ќе можеш да си купиш основни помагала за правење магии, пример полуавтоматска метла Ровус, ја има и во топ-шоп ама тоа е некоја кинеска имитација изглеа, после книги со рецепти за магични напитоци, само пази се ги има по интернет во PDF на замунда, не ги симињај пошо е .exe фајлот, вирус за да ја разоткријат твојата локација. и најважното, ти треба стап. Сеа ти можеш да земеш било каков стап, прво оној од врба, па има еден од трска ама е ептен глуп (имаше и тука дилер на форумов, ги излажа некои членови моравме да го банираме
) Најдобро е да најдеш стап од цреша, пошо вака историски, црешата доста била употребувана за секакви услови, од воени топови, до метафори за одење јабанлук во туѓа земја. Има мултидисциплинарно својство. Откако ќе ги земеш/купиш овие неколку работи, контактирај ги тројцата свети магуси на нашиве простори (Иван, Ѕвездана или Севда), еден ја кажува вистинската локација на станицата каде треба да го фатиш возот, другите водат кон бездна, но секогаш рандом избор се прави меѓу нив тројца. Обично е меѓу станиците од Драчево до Зелениково, онаму кај што возот седи накривено. Ваљда ова од подземните мрачни сили. Кога ќе пристигнеш кај клучката за Сопиште, не заборавај има еден трет пат кој оди право у провалија, затрчај се и едноставно опушти ги сите сетила, земјата сама ќе се одлепи од твоите нозе и нема да почувствуваш ништо, едноставно лебдење во меѓупростор неколку секунди. После тоа јави ми кога ќе стигнеш во другата димензија, има телефонска говорница одма по самот влез, работи на ВИП картици, некад има мрежа, али што има везе. Јави се и прашај за понатамошни инструкции.