Јас го сфаќам ова од малку „научен“ аспект.
Ако постои, не е ништо друго освен енергија. Позитивна и негативна т.е. во оваа сфера познати ко бела и црна магија.
Е сега ако постојат батици и дадиња ко Иван исцелителон (љољ) кои знаат да ја насочат таа енергија за некои цели, е друго.
Ама, за да има баланс во универзумот, ако на едно место изобилува позитивна енергија, спротивно од тоа место изобилува негативна енергија која го одржува тој баланс. Нешто ко кај магнетот.
Затоа ко демек тебе некој ти фрла лоша магија, и после ему му е убаво. Мхм.
Ее, мене и на мајка ми какви глупости ни имаат правено „другарка“ и мајка ѝ...пфф. Ни се фати, ахам. За газот.
Летово со другаркава ќе ни гледа демек една на кафе и оваа другаркава од километар се приметува дека е под стрес, и јасно, тука следи „предвиџење“: Ти си многу нервозна, дојди амајлија да ти направам.
И оваа сета се потресува, осеќала енергија кога оваа ѝ топела куршум. Да де.
За 500 денари и јас каква амајлија знам да направам ехее.
Сугестија, психа и стравот од непознато/натприродно си го прават своето.