И сеуште ми се чини како јас да сум единствената која се труди. Знам дека одлучив годинава да ми биде поразлична од минатата и успеав во тоа. Полоша е. И секоја наредна е уште полоша. Лек има?
Нема.
Со месеци веќе ми тежи нешто што сите го знаат, но нема кој да го каже. И дали ќе се најде некој таков, пред да ни го земат лебот што и сега одвај го наоѓаме. Затоа барам алтернатива, пред да го допреме дното на сите нивоа - физичко, психичко, психофизичко.
На мене ми е потребна помош, и поддршка. Емоционална. Затоа што чувствувам дека губам контрола врз се и полудувам полека, но сигурно. Не знам уште колку ќе издржам. Ретко се наоѓа по некое мало слатко задоволство но трае премногу кратко за да ме убеди дека нашиот живот и не е толку лош.
Не дека не сум благодарна на она што го имам сега, само барам малку мир.
На крај на краиштата, излезот од ситуацијава ќе морам да го барам на трета страна, а навистина не го сакам тоа.
И си ветувам милиони работи самата на себе, дека во се ќе бидам подобра. Знам дека нема да ги исполнам. Немам мотивација. Немам некој двигател.
Едноставно се околу мене е како некој забавен филм. Мојот живот некој друг го режира, а јас сум само актер со споредна улога. Плата нема. Волонтирам.
Мислам дека годинава ми е поука за во нареднава, а колку ќе ја искористам не знам.
Мора да најдам начин да ја спуштам нивната топка, бидејќи тие ја креваат мојата до степен на лудило. Не можам веќе да се борам сама и да глумам дека сум во ред.
Не сум. Од 300 и нешто дена, кои изминаа од годинава, барем 280+ биле лоши.
Нема веќе ни надеж.
Нема никој никаде.
Нема ништо никаде.
Се е изгубено.

: мислев сонував, но гласот нивни полека им се издигнуваше, најверојатно се расправаа околу тоа зошто толку касно дошла од град....погледнав на мобилниот - 06:16ч. покажуваше...за едно саат време треба алармот да ме буди, за да се спремав да одам на интервју за работа...поспав барем малку и ете ти го ѕвони...станав на десна нога
измив лице, заби, малку маскара, малку руменило, косата ја средив во пунџа, се облеков и низ врата...си излегов со позитивни мисли, ненавратувајќи се кон расправијата што се случи рано наутро, не беше моја работа...моја работа ми беше да одам на интервју и да се покажам
добро поминав низ град иако не ме спречуваше гужвата со пензионерите, камоли загадениот воздух...на интервју добро поминав, сега чекам повик (осеќам нешто ќе бидне овој пат, ама шо знам
)...што за чудо ми се јавија за друго интервју попладне, сеа ќе видиме....maybe it's my lucky day