Култот кон постарите

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Секој човек си е човек сам за себе и не ми се допаѓа кога морам да генерализирам. Не можам да кажам дали ги почитувам сите старци или не, мислам дека еден човек не би требало да добива почит само поради своите години.

А што си ти подобар од нив, па ти да можеш да одиш било каде, а они да не можат да одат? - Штом си толку млад и енергичен, земи си точакот и веслај (ем здрав живот, ем пари во џеб, ем нема да те вадат од памет "страшилата")...така никој нема да ти биде крив зашто си каснел. Автобусот задолжително мора да застанува на секоја постојка, затоа и застануваат автобусите во кој се возиш, а не дека старци имало.

- они си работеле,изработиле и заслужиле(некој да, некој не), а што е со тебе, што сега си почнал да работиш,учиш и одма цел свет ти смета?
Ги прашуваш дали тие свесни се што прават... запарашај се ти свесен ли си што збориш?
Еден период често се возев со 5 ка. Накај 17 часот постојано имаше гужва. Вратите на автобусите едвај се затвараа. Голем дел од патниците го чекаа следниот, па следниот... автобус за да ја избегнат гужвата. Во тој период од денот се возеа претежно жени кои работат во текстилна индустрија. Уморни од работата, наведнати, скиснати, гладни, едвај преживуваа во тие автобуси, а од друга страна не им се чека бидејки дома ги чека фамилијата, треба допрва ручек да прават, да пружат алишта и сл. И во таа слика наеднаш влетува некој пензионер кој се вози со автобус бидејки не му се пропушта беспланиот превоз, се однесува како тој да има поголеми права од останатите, се бутка, дрско бара да му се одстапи место и доколку не му се одстапи уште и се расправа.
Но не е еден таков, многу се. според нив ние помладите не сме имале култура, а со таквото нивно однесување многу убаво не учат, ептен добар пример ни даваат.
 
Последна промена од модератор:

$3Я3|\||)&p&†Y

Староседелец
12 мај 2012
3,690
3,871
1,183
Сум чекал 22ка, и сум слушнал пензионери со следниов муабет:
Еј, каде бе?
- Еве малку да се повозам, бесплатно е денеска не ми се седи дома.

Стварно бе ? Ќе фаќаш место и ќе правиш гужва само затоа што ти прднало да се повозиш малку од што не ти се седи дома? Е браво, најпаметен си од сите. Среќа што се возам со приватни автобуси и ги избегнувам срањава.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Сега ќе ви дојдe мелпомена да ви каже дека од нив сте создадени, како не ви е срам, треба да ги почитувате (тие вас не мора) и слични приказни.
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Soldner, Сајко, @malo, мислам дека лаете на погрешно место.
Целата работа започнува од „законот“ што е донесен за пензионерите, не од самите тие. Таа старосна група не се жалеше поради потребата да се вози, но по некој сплет на политички околности и на некој кому му одговара, се донесе таа одлука. Пензионерите се најголемата „администрација“ тука нема сомнеж - бидејќи тоа е таа старосна група која зависи искључиво од државната милост и немилост. Е сега кога државата доделува нешто што е „од бога дадено“ зашто да не се искористи. Викате за повикување на разумност? Па во сиромашен народ „леб и игри“ се најдобрата награда и мир во државата.
Целата грешка е што оваа држава не се потрудила подлабоко да го изанализира целиот проблем со јавниот превоз. Алба погоре добро пиша за структурата на нашето општество а Аутрајдер мислам више ко пења му фати устата од повтарање all over again, дека секоја одлука што се донесува тука во нашава држава е донесена чисто по автоматизам да се задоволи рајата на краткорочен план, притоа не постојат никакви анализи (економски) само политички и лупање на рејтинзи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Абе мене многу и не ме засега тоа возењето со автобуси бидејќи не се возам со јавен превоз, но можам да ве разберам дека страшно ве нервира.
Мене многу ме нервира кога истите старци секојдневно дремат во банка и ваѓаат по 200 денари од пензијата + згора на тоа клише прашањата: сега уште колу пари останаа?... кога стигна пензијава? наредната пак на истиот датум?.... значи буквално на секое пазарење прво се оди во банка па во самопослуга... а јас кутриот чекам редови со уплатници и се нервирам. Шо убо беше порано поштарот ко им ја носеше, сега со овој едношалтерски повеќемесечен систем, и нив ги малтретираат а богами и нас.
Не ја оправдувам почитта, бидејќи не е взаемна...нека почитуваат и тие, место да шетаат по паркови и чаршија не мора да сметаат во институциите безпотребно.
10502073_10202975947510987_4072729636511346181_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Неможам да се изначудам....какво непочитување кон стари потрошени и изнемоштени лица........со вашите гнасни кфалификации и епитети што им ги дадовте на пензионерите е исто како да си ги плукате родителите, а заборавате дека вие одите накај нив,и вие ке одртавете и нема да ве држат нозете! Срамота.....мешате закони со основна култура,срамота!
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Soldner, Сајко, @malo, мислам дека лаете на погрешно место.
Целата работа започнува од „законот“ што е донесен за пензионерите, не од самите тие. Таа старосна група не се жалеше поради потребата да се вози, но по некој сплет на политички околности и на некој кому му одговара, се донесе таа одлука. Пензионерите се најголемата „администрација“ тука нема сомнеж - бидејќи тоа е таа старосна група која зависи искључиво од државната милост и немилост. Е сега кога државата доделува нешто што е „од бога дадено“ зашто да не се искористи. Викате за повикување на разумност? Па во сиромашен народ „леб и игри“ се најдобрата награда и мир во државата.
Целата грешка е што оваа држава не се потрудила подлабоко да го изанализира целиот проблем со јавниот превоз. Алба погоре добро пиша за структурата на нашето општество а Аутрајдер мислам више ко пења му фати устата од повтарање all over again, дека секоја одлука што се донесува тука во нашава држава е донесена чисто по автоматизам да се задоволи рајата на краткорочен план, притоа не постојат никакви анализи (економски) само политички и лупање на рејтинзи.
Па што ако им е дадено, не значи дека треба секој да го искористат. Нека излезат во парк, нека играат шах, нека седат по дворови а не секој ден се возат а ни сами не знаат каде.

Неможам да се изначудам....какво непочитување кон стари потрошени и изнемоштени лица........со вашите гнасни кфалификации и епитети што им ги дадовте на пензионерите е исто како да си ги плукате родителите, а заборавате дека вие одите накај нив,и вие ке одртавете и нема да ве држат нозете! Срамота.....мешате закони со основна култура,срамота!
Нивното почитување кон мене каде е?
 

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Па што ако им е дадено, не значи дека треба секој да го искористат. Нека излезат во парк, нека играат шах, нека седат по дворови а не секој ден се возат а ни сами не знаат каде.
Нивното почитување кон мене каде е?
Неможеш ти а и никој друг да кажува а најмалку да наредува кој каде и колку да се движи и што да прави дали ова ти е јасно ?

Престанете да навредувате па појде првин од себе погледнете на кое ниво ние свеста на расудување а за некултура и непочитување први сме, немаме почит ни спрема тие кои се на иста возраст со нас не па спрема постари или помлади. Еве да појдеме од еден глуп пример кога се догавараме за на кафе или за било каде еден од двајцата секогаш касни или па ако се повеке е тогаш сигурно 2-3 каснат без разлика дали се тоа 2,5, 10 минути. Кога некој може да почитува зошто и другиот да неможе и сите тие оправдувања превот касни или ред др работи по секако има исклучоци ама секогаш е така и не дека јас несум правела и права еднаш една другарка ми рече и на сопствениот погреб ке сум закаснила. За мн други работи е така. Пензионерите ви сметале ма немој а не ви сметаат улиците кои се катастрофални, троторите кога има дожд како балет да играш а не да одиш по тротоар. Знаете ли дека возењето на пензионерите во градски е само во скопје овозможено а во др градови не е а тоа не ви смета, не ви смета тоа да не се пензионерите во одредени семејства ќе немаат леб да купат и др. Од пензионерите не се сите цвеќиња и сите тие се научени на она постар треба да се почитува и да му се ослободи место ама тие се растени во друго општество и таму така се почитувало ама незначи дека мора да е така , тие луѓе се во одминати години и нив секоја промена им тешка без разлика дали е добра и лоша.
Ние незнаеме взаемно да се почитуваме без разлика на возраста, нас ни е побитно да се направи нешто за да се испадне “фраер“ за да другите имаат што да зборат.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Доволно поразително делува фактот што илјадници пензионери чекаат соодветен ден за да се повозат бесплатно - како форма на забава, дешавка, разбивање на секојдневие.
Не знам дали сфаќате кој очај и кој пораз е тоа... турски серии и кинески автобуси се пинг-понг опсегот во кој постојат човечки битија со 70-80 години животно искуство, кое црно почитување за такви бре (facepalm)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and $3Я3|\||)&p&†Y

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Доволно поразително делува фактот што илјадници пензионери чекаат соодветен ден за да се повозат бесплатно - како форма на забава, дешавка, разбивање на секојдневие.
Не знам дали сфаќате кој очај и кој пораз е тоа... турски серии и кинески автобуси се пинг-понг опсегот во кој постојат човечки битија со 70-80 години животно искуство, кое црно почитување за такви бре (facepalm)
Ај размисли обратно и одговори што би правеле ако немаат ништо од сето тоа.Они се задоволни,нарочито за викендите кога со своите внучиња ке отидат на Водно и ке се возат на жичара.Тебе ти е поентата само да ја навредиш државава,да искритикуваш закони, а воопшто не ти е гајле за добробит на луѓето.