Секој човек си е човек сам за себе и не ми се допаѓа кога морам да генерализирам. Не можам да кажам дали ги почитувам сите старци или не, мислам дека еден човек не би требало да добива почит само поради своите години.
Но не е еден таков, многу се. според нив ние помладите не сме имале култура, а со таквото нивно однесување многу убаво не учат, ептен добар пример ни даваат.
Еден период често се возев со 5 ка. Накај 17 часот постојано имаше гужва. Вратите на автобусите едвај се затвараа. Голем дел од патниците го чекаа следниот, па следниот... автобус за да ја избегнат гужвата. Во тој период од денот се возеа претежно жени кои работат во текстилна индустрија. Уморни од работата, наведнати, скиснати, гладни, едвај преживуваа во тие автобуси, а од друга страна не им се чека бидејки дома ги чека фамилијата, треба допрва ручек да прават, да пружат алишта и сл. И во таа слика наеднаш влетува некој пензионер кој се вози со автобус бидејки не му се пропушта беспланиот превоз, се однесува како тој да има поголеми права од останатите, се бутка, дрско бара да му се одстапи место и доколку не му се одстапи уште и се расправа.А што си ти подобар од нив, па ти да можеш да одиш било каде, а они да не можат да одат? - Штом си толку млад и енергичен, земи си точакот и веслај (ем здрав живот, ем пари во џеб, ем нема да те вадат од памет "страшилата")...така никој нема да ти биде крив зашто си каснел. Автобусот задолжително мора да застанува на секоја постојка, затоа и застануваат автобусите во кој се возиш, а не дека старци имало.
- они си работеле,изработиле и заслужиле(некој да, некој не), а што е со тебе, што сега си почнал да работиш,учиш и одма цел свет ти смета?
Ги прашуваш дали тие свесни се што прават... запарашај се ти свесен ли си што збориш?
Но не е еден таков, многу се. според нив ние помладите не сме имале култура, а со таквото нивно однесување многу убаво не учат, ептен добар пример ни даваат.
Последна промена од модератор: