Култот кон постарите

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Кој тоа ке ти каже дека си луд?Не гледам некој така да се изрази кон тебе.Чему толкав

Поминале и тоа како,само незнам околу интелегенцијата,дали за инат или којзнае зошто ги генерализираш работите?
Зарем со помладите не се манипулира како и со постарите?Или кој колку сака да признае.
Ваљда ни е на сите јасно дека мозокот не не држи на постари како на помлади и зрели години.

Кој тоа ке ти каже дека си луд?Не гледам некој така да се изрази кон тебе.Чему толкав револт?Само си дискутираме.

А што е морон уствари?:unsure

Морон е лице со коефициент 50-70, нешто поарно од имбецил и за нијанса под прагот за нормално функционирање иначе поимот се користи повеќе како погрден израз отколку во неговата прецизна дефиниција.

Затоа и споменав, постојат млади и стари морони кои ги манипулираат но постои табу во однос на карактеризирање на стар морон како морон, демек ради староста треба да се има резерви околу тоа...
Она што е трагично е што секоја нова генерација е продадена од постарата, во овој период генерацијата 50+ и тоа за 200 евра месечно и газ во канцеларија. И бесплатен бус кога ќе се пензионираат секако...

Им одговара или не им одговара? Во еден ист пост не знаеш што пишуваш...да не спојувам повеќе постови. - Или пак може баш тие 4ца што ти си ги прашал биле против, а сите останати за. А?:zelen




А со што можеш да ги задоволиш ако не со покачени пензии, бесплатен превоз и здравство? - Тоа им е потребно.
- ваљда нема да паднат на бесплатно школување, карти за премиери во кино, хепи авр по дискотеки или нови работни места со повисоки плати.
Освен тие 4ца што ги знае бушавиот од горе, другите сигурно нема да наседнат на ова ]:)

Точно, со тоа можеш да ги задоволиш, не им треба ништо друго. Нивните внуци и онака црнчат за 9000 денари. Човек едноставно знае дека едно општество е во говна кога старт ап работно место носи 9000 денари а пензија 15000. Бескрајни колони на зомби како гласачка машинерија се најсигурна опција за секоја власт.

А од кај тоа некој што седи во добро посакувана фотеља и си игра курташак со милион и нешто луѓето што воведе превоз за пензионерите е врз основа на почитување ама внимавај само тие во Скопје се потичуване оние од внатрешношта не се. Старост =мудрост ???????????? Види сега мудроста се стекнува низ годините ама незначи дека секој стар човек е мудар или интелектуалец ја се водам според она само два пати воживот биди паметен еднаш кога бираш професија и друг пат кога го бираш партнерот и мене ми е доволно :zelen Еве јас неможам да ве разберам како тоа пензионерите ви се криви за јавниот превоз па одете со такси бе или пеш зарем негледате колку избор имате. А тоа некој да си зема за право да одредува кој каде и колку да се движи без разлика на старосната граница мало морген:zelen Кога е гага кај нас нешто сите гледаат да зграбат што е можно повеќе без разлика дали тоа ни иде во корист или ќе наштетиме на некој друг, затоа на погрешни се лутите за превозот.


Кој што и кого брани ај у повеќе реченици зш вака со една не ми се игра :zelen

Самите претендираат на старост=мудрост, тој е стереотипот. Освен тоа 70-80 години не се малку за да се научат некои основни лекции.
Не мора да е интелектуалец или било што слично, но основна социјална свест не би била на одмет, барем за нијанса поголема од онаа на тегла со ајвар. И после раја кука не чинеле новите генерации, ако се земе во предвид кои генерации ги израснале би рекол дека новите генерации уште се и премија...:zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra, Saladin and malo

alba

Староседелец
15 март 2012
1,424
2,015
1,123
Самите претендираат на старост=мудрост, тој е стереотипот. Освен тоа 70-80 години не се малку за да се научат некои основни лекции.
Не мора да е интелектуалец или било што слично, но основна социјална свест не би била на одмет, барем за нијанса поголема од онаа на тегла со ајвар. И после раја кука не чинеле новите генерации, ако се земе во предвид кои генерации ги израснале би рекол дека новите генерации уште се и премија...:zelen
Теле се учи а не вол :zelen
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Ова со автобусите е само еден пример, дека е по свеж и затоа најверојатно повекето од нас се фатија за него. Бидејки потекнувам од мал град, поточно од уште помало село, можам да приметам дека тие стари луге таму значително се разликуваат од старите луге овде во Скопје. Секоја чест на селаните. Наполниле по 80 години и сеуште одат на нива, одгледуваат домашни животни, тераат некој занает, но она што најмногу ме фасцинира кај нив е тоа што имаат прекрасен однос кон природата, а тој однос се пренесува и кон околината, семејството, пријателите и така натаму. Од нив може да се научи многу, не само поради тоа што умеат и знаат многу корисни нешта, туку и имаат неверојатно чувство за основна култура, за почит, добри манири. Знаат да сочувствуваат и да ценат. Од друга страна пак познавам и такви кои не погледнале подалеку од шишето ракија и заколеното свинче, а и сеуште постојат баби врачарки кои прават магии од завидлук или баби кои мегу себе ке се испотепаат за титулата ,,најголем верник,, а секој втор збор им е клетва.
Исто така и овде во големиот град... Сум се сретнала со вистински господа, џентлмени, интелектуалци на кои културата им е на високо ниво, пензионери кои си го пополнуваат времето хранејки гулаби со остатоците од вчерашниот леб, дедовци и баби кои си ги шетаат внучињата, но и онакви улични фраери кои од сабајле `ркаат по пола саат на улица, со стапови ги гонат кучињата бидејки лаеле, манијачат млади, згодни девојки, се туркаат по автобуси, се расправаат со малите деца бидејки се играле пред зграда...
Било кој од овие примери да го земеме ке дојдеме до заклучок дека човек кој заслужува почит е човек кој може да биде добар пример за околината и обратно, човек кој не е добар пример не може да биде почитуван без оглед на неговата возраст.
Ама кога ке видам некој млад како се однесува несоодветно, пак ке си помислам дека има време да си ги научи лекциите, но кога ке видам стар човек со животно искуство, со се она кое вие го сметате како вредност и пак плука на улица, пуши цигара во лифт или пола саат ја држи вратата бидејки се сретнале со комшијата пред лифтот (а ако ти ја задржиш ке те пцуе, ке те колне)... едноставно нема оправдување.
Инаку секоја чест на една бабичка со која имав прилика да патувам во градски автобус... иако беше пензионер, си плаќаше карта бидејки не сакаше да биде една од оние ,,привилегираните,, Велеше ,,кога имам потреба се возам, си плаќам бидејки не се качувам во автобус затоа што немам што да правам, а овие другите, ако се толку болни за да стојат во автобусот, што не седеле дома,,
Една од подобрите илустрации врз повеќето senior citizens....
Но пак ќе прашам... во општество изградено од тривијални закони, сиромашна довчерашна култура, дезориентираност и маса лесно подложна на леб и игри, дали очекуваш постарите да се однесуваат поинаку?
Однесувањето е продукт на ова погорново а не узрок. Старите не побараа да добијат бесплатно возење, им беше дадено. Кога ќе собереш тоа со слабиот културолошки развиток (некои 50 години), економската пропаст (8000 плата =/=14 000 пензија), 40% административци, здравство/школство на колена.... доаѓа следново: општо единствена разонода останува електронскиот медиум (пошто е најевтина изгледа). Оттука и старите немајќи што да прават освен телевизија, си прават некој начин на ирационално трошење на слободното време - шетање, терање муабет пред коопреација. Е сеа кај би можело ова се` заедно да го има во едно едино место...
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Незнам дали сте слушнале за старословенски збор, од таму му е потеклото-Лапот?
Преведено лапот значи погубување, исчезнување или да објаснам подобро,убивање на старите луѓе од своите синови, од своите домашни и тоа само поради старост, поради тоа што неможат да работат, да допринесат во кукниот буџет,да не го јадат лебот бадијала и слични морбидни причини!!Незнам дали е вистина или мит но некаде прочитав дека постоело во Македонија, Источна Србија каде што уште се употребува изреката-Спреман за мотику или секиру по глави.
Читајќи од неколкуте постови овде, на жалост морам да признам дека има лапот и сега меѓу младите, само што не ги убиваат старите со нож или да ги фрлаат во дупки или да ги носат во планина за диви животни да ги изедат...туку се ставени на масовно деградирање, понижување, економска беда, неможност да се активираат на било кое поле...никакво почитување!!
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Жити мајка на која беда се ставени старите во беломорската земја? Тоа што земаат пензии затоа што во стара југа тегнеле нози и свиркале по кафекуварки, што имаат секакви бенефиции на било каков план? Со што се деградирани и понижени? Затоа што некој младич кој цел ден скапувал на работа или на факултет не им станал од местото на кое седел у знак на почит за тоа што у стара југа они служеле на јна и земале плата за истегање очни капаци? Каква економска беда бре? Земаат државни пари, пари кои цела држава ги плаќа во данок, трошоци имаат 30% од пензијата максимум. Каква активност бараш од пензионер? Верувам не бараш 70 годишни старци да допринесуваат за напредок.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and Electra

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Жити мајка на која беда се ставени старите во беломорската земја? Тоа што земаат пензии затоа што во стара југа тегнеле нози и свиркале по кафекуварки, што имаат секакви бенефиции на било каков план? Со што се деградирани и понижени? Затоа што некој младич кој цел ден скапувал на работа или на факултет не им станал од местото на кое седел у знак на почит за тоа што у стара југа они служеле на јна и земале плата за истегање очни капаци? Каква економска беда бре? Земаат државни пари, пари кои цела држава ги плаќа во данок, трошоци имаат 30% од пензијата максимум. Каква активност бараш од пензионер? Верувам не бараш 70 годишни старци да допринесуваат за напредок.
(facepalm)