Критики за администрацијата

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Воопшто не. Не сум просветител ;) Јас тебе те прашав нешто, гледам ми одговори.

И доволно е со муабетов. Ако имате конструктивна критика слободно пишете. Ако планирате да терате инаети и да мериме кој поголем инает има подобро не пишувајте.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
91
Воопшто не. Не сум просветител ;) Јас тебе те прашав нешто, гледам ми одговори.

И доволно е со муабетов. Ако имате конструктивна критика слободно пишете. Ако планирате да терате инаети и да мериме кој поголем инает има подобро не пишувајте.
Темата е критики до администрација,ако ти мислиш дека секоја критика е водење инат, тогаш администрацијата е самобендисана, ништо до нејзе не допира.
А темава ја имате отоврено за зголемување на вашето ЕГО,е па нема да си ги мериме,поголемо е вашето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

ShakaZulu

Староседелец
19 февруари 2012
432
886
1,103
Чудни сте мајке ми, кренавте узбуна зошто некој честитал велигден на сите а не само на православните членови... се мислам дали ќе напртавевте исто некој честиташе ден на трудот а вие онаке невработени и ќе се почуствувавте навредени...
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
Не кренаа паника оние кои искоментираа дека персонализираната честитка не е во ред, вистинските паничари се оние кон кого беше упатена критиката, мислам дека членот кој што прв е побуни многу културно објасни зошто е против.
И јас сум против и еве ке кажам зошто:
Не се сите христијани на форумот
Ако се честита велигден на сите, тогаш би требало да е честитаат и големите муслимански, будистички, сатанистички... празници и да се земе предвид на кои религии има припадници тука, мене искрено би ми било криво да сум муслиманка и да не ми честитаат бајрам, а да ми честитаат велиген, не оди тоа така. Плус тоа истиот ден беше и 1ви мај денот на трудот кој што е голем комунистички празник, па не гледам зошто христијаните да бидат попривилегирани од комунистите на форумот, нема смисла.
Не е во прашање тоа дали честитката навредила некого или не, секој од нас може да прогледа низ прсти на таква грешка, но ова сепак е јавен форум и за самиот форум е срамота да прави вакви грешки.
Треба да ви биде мило што членовите ја забележале вашата грешка и ви укажале за да ја исправите, тоа значи дека на истите форумот им значи нешто. Мене само не ми е јасно како на никој од членовите на администрацијата не му текна истото па да реагира пред да има реакција од член.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Abraxas and misterija

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Будисти, сатанисти, муслимани врие на форумов. Не може да ги прибериме од што ги има. 1ви мај не е комунистички празник, туку нешто сосем друго.

Добро бре, кога честитаат на вести празници им се јавувате да им кажете „Мене ме вреѓа честитката“ или мудро премолчувате? Аман веќе со таа честитка, ако имате нешто да кажете повелете. Мислам дека го завршивме муабетот со честитките.