Кој изневерува повеќе: мажите или жените?

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Прво морам да кажам, многу глупава тема.
Сега отворете тема „Кое е постаро, јајцето или кокошката“.
Мислам за да не биде вечно оваа тема на пиедесталот на глупави теми.
Знаете зошто мислам дека е глупаво? Оти не можеш да кажеш „кој повеќе“ ако не направиш истражување....

Е сега, моето мислење е дека ист е бројот и на жени и на мажи кои изневеруваат.
Ќе појаснам со една проста споредба, ама целта ќе биде јасна:
Во џебот имаш 50 денари, треба да одиш во болница да провериш крв и ти требаат повеќе пари. Мора да ги најдеш. Што ќе направиш? Или ќе украдиш или ќе позајмиш.
Така и во врската/бракот, имаш девојка/жена/дечко/маж, арно ама нешто не штима, значи има нешто што не те исполнува доволно, постои некое делче кое ти недостига, е тоа делче, тоа нешто ќе го побараш во друг/а, девојка/жена/дечко/маж.

Е сега, навистина не ги сфаќам тие што се во врска и што изневеруваат. Едноставно можат да раскинат и аривидерчи, и да си бидат со другата/другиот дечко/девојка што им го надополнува тоа нешто што им недостигало во претходната врска.
Кога се во брак и изневеруваат, а не се разведуваат, имаат аргументи да се одбранат (можеби не многу силни ама сепак имаат), кај ќе оди жената после бракот(ако е веќе во лоши односи со родителите), децата дали ќе патат, и слично.

И погоре видов во некој пост дека мажите изневеруваат за да си го нахранат егото и да си го испразнат половиот орган.
Морам ова нешто да го демантирам.
Од проста причина што и мажите и жените сме живи суштества. Какви што се вашите потреби(на жените) такви се и за мажите. Немој да ме зезаш дека на мажите не им треба нешто емоционално, нешто длабоко?
Едно само не ми е јасно. До кога ќе бидам сметан за животно само поради самиот факт што сум маж.

Искрено, јас би изневерил во моментот кога ќе почувствувам големо запоставување. Кога нема да го имам вниманието што ми треба, а во иста мера нема да ја имам ни љубовта што ми треба.
После неверството, се надевам дека Бог се’ уште ќе ми го има сочувано паметот па ќе се разведам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Just Perfect

Активен Член
3 април 2013
137
120
43
Што беше пресудно да приметиш дека е од машко?Не е темава за фудбал.Мене ме интересира што ако по некоја долгочасовна дискусија одредиме кој изневерува повеќе?Ќе измени ли тоа нешто?Не разбирам целта на вакви теми?
Моето мислење:
Има една сцена во Американска Пита, првиот дел, кај што една од ликовите вика ако сакаш да дознаеш со колку женски бил еден дечко подели го бројот што ќе ти го каже со три, а ако сакаш да дознаеш со колку дечки била некоја женска помножи го бројот што ќе ти го каже со три.

И од мое искуство се покажало дека на исти години женските имаат повеќе партнери сменето од машките, збориме во просек секако. За мене тоа е индикатор дека женските се поневерни. Фактички значи дека додека некои машки се верни, нивните девојки си праат мераци со опасните типци.

btw... погледнете го ова
Мислам дека има многу вистина во оној дел кога вика: Women are basically emotionally driven: if they feel it they do it. Then they will rationalize it to themselves later. Nothing is more meaningful, or compelling to a woman than: 1) the way she feels and 2) learning more about her inner self and having emotional realizations.

типов мора да бил изневерен и исфрустриран од женскиот род кога ја поставувал темава...тоа е мое мислење... sorry
 
The High Commander

Староседелец
2 мај 2012
206
131
1,043
122

Не сите ставовови што ги гледаш во воведот од темата се и мои лични. Едноставно, некои од нив, сум одлучиул, дека заслужуваат малку повеќе внимание и мислење од некој друг од страна.

Не викам јас дека сите жени се вакви или онакви со самото тоа што ја отварам темава. Не прави избрзани заклучоци.

Тогаш според твоето сфаќање, неверството не можеме да го сведеме само на сексуален однос. Неверство би било ако тој излезе со другари, ама ти каже дека ќе спие.
За мене сексот не е толку ау вау, едноставно не се ни замарам дали дечко ми ме изневерува или не. Ако ме изневерува, многу добро го прави тоа, не го ни намирисувам.

Не можам така да им судам на луѓето, има копита кои заслужуваат не рогови, сијалици на роговите да им закачиш. Бивш дечко на моја другарка - и глумеше нешто фраер, ваков бил таков бил, го заеба за цел живот. И не сметам дека е таа идиот. И аплаудирам бре, и со раце и со нозе.

Не мораш ти да го смениш мислењето - ниту пак имам намера да ти го менувам, само ти укажувам дека верноста не е природна појава. Верноста е општествена појава. :)
Зашто би и аплаудирала? Мислиш дека неверстовото е нешто добро?

И со тоа што упорно повторуваш дека неверството е општествена појава, а не природна (биолошка) појава, зар мислиш дека одземаш од неисправноста на актот?

Всушност, ајде произнеси се, гласно и јасно, дали неверството за тебе е неетичка појава?

Добро зар не те боли кога ќе бидеш изневерена? Зар не мислиш дека предизвикуваш болка кога изневеруваш?
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Нема тука мажи, нема жени..
Изневеруваат СИТЕ!!!
Дури и оние кои се чукаат сега во гради дека имаат квалитетни врски или бракови, и оние кои се гадат и ја презираат појавата неверство, кога тогаш се наоѓаат во таква или слична ситуација...
така да...
Изневеруваат СИТЕ!!!
 
The High Commander

Староседелец
2 мај 2012
206
131
1,043
122
Нема тука мажи, нема жени..
Изневеруваат СИТЕ!!!
Дури и оние кои се чукаат сега во гради дека имаат квалитетни врски или бракови, и оние кои се гадат и ја презираат појавата неверство, кога тогаш се наоѓаат во таква или слична ситуација...
така да...
Изневеруваат СИТЕ!!!
Се согласувам. Се што е потребно се вистинските услови.
Но тоа не е прашањето во темава.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Се согласувам. Се што е потребно се вистинските услови.
Но тоа не е прашањето во темава.
Штубаво ти одговори LittleButterfly
Изневеруваат сите....
Што значи прочачкај колку од популацијата е машка а колку женска, таа што е повеќебројна таа води во изневерување :)
 
TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Не сите ставовови што ги гледаш во воведот од темата се и мои лични. Едноставно, некои од нив, сум одлучиул, дека заслужуваат малку повеќе внимание и мислење од некој друг од страна.

Не викам јас дека сите жени се вакви или онакви со самото тоа што ја отварам темава. Не прави избрзани заклучоци.

Зашто би и аплаудирала? Мислиш дека неверстовото е нешто добро?

И со тоа што упорно повторуваш дека неверството е општествена појава, а не природна (биолошка) појава, зар мислиш дека одземаш од неисправноста на актот?

Всушност, ајде произнеси се, гласно и јасно, дали неверството за тебе е неетичка појава?

Добро зар не те боли кога ќе бидеш изневерена? Зар не мислиш дека предизвикуваш болка кога изневеруваш?

Не, не мислам дека е неверството добра работа. Во конкретниот случај беше добра работа.

Секако, не можеме да тврдиме дали е исправно или не. Барем јас не можам. Со оглед дека секој различно го доживува.

Не можам да ти одговорам со да или со не. Не гледам така црно-бело на темата :)

Да, секако ме болело. Сум била изневерена. Но не до тој степен да ме боли, за да не знам, сега патам наредни 10 години, ја мразам личноста или не знам што.

И погоре видов во некој пост дека мажите изневеруваат за да си го нахранат егото и да си го испразнат половиот орган.
Морам ова нешто да го демантирам.
Од проста причина што и мажите и жените сме живи суштества. Какви што се вашите потреби(на жените) такви се и за мажите. Немој да ме зезаш дека на мажите не им треба нешто емоционално, нешто длабоко?
Едно само не ми е јасно. До кога ќе бидам сметан за животно само поради самиот факт што сум маж.

Искрено, јас би изневерил во моментот кога ќе почувствувам големо запоставување. Кога нема да го имам вниманието што ми треба, а во иста мера нема да ја имам ни љубовта што ми треба.
После неверството, се надевам дека Бог се’ уште ќе ми го има сочувано паметот па ќе се разведам.

A дали егото не е емотивно доживување на сам себе? Сите ние имаме его. Не е тоа нешто што е лошо да се има, нормално е.
Само што жените, не од биолошки, туку од општествени норми, се посклони на себежртвување. Мажите се посклони да бидат нечиј предмет за жртвување.
Јас убаво си реков - не мислам дека мажите се животињи, напротив, еднакво сме сите луѓе, еднакво сме способни да сакаме, и еднакво сме способни да изневеруваме.
Само гледната точка на мажот е различна од онаа на жената, а тоа е поради воспитувањето на машките и женските деца.

За последното, немам што да ти кажам. Освен дека се согласувам :)
 
Реми

Староседелец
18 февруари 2012
542
957
1,093
У близина
Фактите одат во прилог на мажите, затоа што најчесто не се способни да ги прикријат своите траги, затоа сметаме дека мажите водат кога е во прашање неверството. Денес се користат картички за плаќање, па така ќе ја заборават фискалната у џебот од јакната, пораката у мобилниот или влакното на троседот. Кога се работи за чистење на ѓубрето зад себе, жените имаат голема предност и побрз ум. Кога ќе се собере се`, повеќето од мажите изневеруваат јавно, а притаено и манипулативно изневеруваат жените.

Најдете го сами крајот - одговорот на прашањето.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: street_chic and TheKitten

Колку само има вистина во ова!! :)
Жените дефинитивно имаат поаналитичко око :)

Секогаш имам склоност повеќе да ги жалам мажите, некако се почесто ми изгледаат како мали кутренца, кога ќе згреши само те гледа жално и чека казна, а жениве посурови се, се бранат со сите средства, манипулираат на сите начин, за да не го изгубат тоа што го имаат :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Реми

The High Commander

Староседелец
2 мај 2012
206
131
1,043
122
Колку само има вистина во ова!! :)
Жените дефинитивно имаат поаналитичко око :)

Секогаш имам склоност повеќе да ги жалам мажите, некако се почесто ми изгледаат како мали кутренца, кога ќе згреши само те гледа жално и чека казна, а жениве посурови се, се бранат со сите средства, манипулираат на сите начин, за да не го изгубат тоа што го имаат :)
Треба повеќе да го слушаме Сусаро и ќе видите вие кутренца... :p