Ми фалат најмногу од се’ две личности.
Баба ми, таа незаменлива сила која умееше да ја премисли мојата инаетлива глава. Секогаш знаеше како да постапи. Ми фалат нејзините пржени јајца и компири, колачињата потопени во шербет, плетенките што ми ги плетеше, разговорите што ги правевме и многу други работи. Но најмногу од се’ ми фалат нејзините совети.
Вујко ми, човекот-карпа, човекот-учител и човекот кој знаеше како да ги насмее луѓето и тогаш кога не им е до смеење.
Ми фалат, проклето ми фалат