Која туристичка агенција нуди најдобри услуги?

Mnogo Bitno

Староседелец
9 февруари 2015
1,801
810
1,133
Skopje
;)TERA TRAVEL Моментално нај евтини понуди за сите дестинации ..
Улица Македонија карши Пеко (sun):cool:
 

Anchor

Нов член
11 јули 2017
1
0
1
26
Ви ја препорачувам Рапсоди Травел, имаат доста понуди за летово па ако сте заинтересирани пратете ми ЛП
 

krissthemaster055

Нов член
16 април 2018
3
0
1
23
До сега немам одено на одмор преку агенција, само за превоз до Солун и до Бугарија на одмор. Почесто одам со Лени Травел (спроти бикот на ул. Македонија) до Солун и до некаде сум задоволен. Само еднаш ми се има појавено кондуктерка (над 70 години беше) бабиште и ни два збора не кажа. Само не оставија и ај чао пријатно. Нит на микрофон да каже во колку часот да се чекаме, ништо не кажа. И после ми излегоа некои проблеми заради неа. Па едвај ја решив ситуацијата.

А за Бугарија бев со една агенција (не ми текнува име) се наоѓа исто така во близина на бикот (поточно меѓу лени травел и Рамстор, во уличката на лево кон Рамстор кога идете од Лени Травел). Е сега автобусите не беа лоши, но не беа ни добри. Средина. Но најголемиот број на патниците како и јас, имавме проблем со возачот. Дрзок, невоспитан.......и што ли уште не. И со мене се скара заради тоа што го спуштив столчето да си подлегнам и ми вика не е дозволено да се спуштаат столчињата. А и доста други караници имаше не само со мене туку и со други патници. (еден покрупен, поцрн тен малку, кој бил преку таа агенција може и го видел)

Иначе не практикувам да уплаќам преку агенции, туку во сопствена режија. (само пат преку агенција) Или освен за некоја подалечна дестинација би уплатил преку агенција.
balkan fun imaat dobri ponudi.
 

Geogeo

Нов член
29 јуни 2018
1
0
1
52
Здраво на сите
Ме интересира вашето искуство за патување со туристичка агенција Атлантик. Ја нема во наведената листа. Поздрав
 

Goran58

Истакнат Член
30 март 2019
8
2
113
43
Што е луѓе со агенцииве по Македонија?
WizzAir и Booking ги потепаа сите, или мене така ми се чини ?
 

Alex221

Нов член
12 јуни 2019
1
0
1
31
Сакам да ве известам да не патувате во никој случај со ОРФЕЈ ТРАВЕЛ !!!. Сопственикот Робертино Трајковские тежок измамник . Имам уплатено за early booking уште од ноември за патување во во мај во износ од отприлика 1000 евра. Го чекав цело време да ми се јави но никако тоа не се деси. Кога ја ќе му се јавев секој пат наоѓаше изговори и убедуваше дека се е во ред . Откако помина датумот за патување излезе на виделина дека е голем измамник и сега не сака да ми ги врти парите. Па заради непочитувањ на никаков договор од нивна страна сега сум во ситуациа да мора да превземам правни мерки против нив.
Па затоа ве информирам сите во никој случај да не се излажете и да го изберете ОРФЕЈ ТРАВЕЛ !!!
Ширете ја информациајта да не страдаат невини луѓе од измамниците ОРФЕЈ ТРАВЕЛ !!!
 

Teresa

Староседелец
15 јануари 2016
31
5
1,008
Скопје
Здраво, дали знаете некоја туристичка агенција која организира летувања во Шпанија и сте задоволни?