Која е вашата куќна слава?

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Св.Никола ни е куќна слава. Но и Св.Ѓорѓија ја славиме во куќата на баба ми по мајка, па и тој ден ми е драг.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ку Рајбер

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
Секој ден славиш и на крај ќе ти речат вечна ти слава. :D
 

Kiril

Активен Член
24 јуни 2012
181
127
43
35
Струмица
Јас имам 2 слави во куката...
Св.Кирил и Методи за мене и Св.Пантелејмон за татко ми. :)
И мислам дека секаде не се слави на ист начин. Во некои градови се слави 1 ден во годината кој се зема како кукна слава-независно дали некој од фамилијата носи име на друг светец. А ете на пример тука во Струмица се слави конкретно на Именденот. За секого од фамилијата кој носи име на Светец се слави посебен ден, односно денот кога му е празник.
 

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
31
Ех јас куќна слава немам, ама затоа имаат брат ми и татко ми на св.Кирил и Методиј односно Водици.
И куќните слави се сеуште едни од христијанските обичаи на кои им немам најдено замерка :D , погодете зошто ?
После тоа фриждерот е обезбеден со кифли, салами, кашкавали, 3-4 различни видови на салати и слатки колку ти душа сака за 2 недели :)
 

AnnAmaa

Полноправен Член
11 јули 2012
42
20
8
СК.
На мајка ми славата беше Варвара 17 дек.а пошто немам брат славата се прекина....женските деца не наследуваат слава.
Свекор ми славел Петковден но без кршење колач во црква,мажот ми не слави.