Не знам дали пред година дена сте гледале на емисија, КОД чинам беше, за тоа колку ние всушност имаме оригинал парчиња облека. The truth is, немаме. Имаме тук-таму по некое претставништво и аутлети, ама останатото е сѐ оригинал од турски подруми. Ако сум толку искомплексирана па да патам само по бренд, те ми го Солун долу, мада не ми се оставаат пари кај пропаднатине соседи. Така да, ќе си купувам нашиве што нудат. Ако не ти стои бре, и на МекКвин нека е - џабе. Ако си имаш тело да ти стои и знаеш да искомбинираш, па и стотка од пазар нека е - ќе се вртат глави по тебе.
Кај мене под зграда пред една недела се отвори Pimkie, препродаваат работи од Denim, Bershka, Stradivarius, по нешто од Mango итн, што останале по продавниците по парче или две.
За 1400 денари си купив два пара шорцеви и две маички, цело лето ќе си ги износам. А старите цени им стојат, една маичка била 750 денари, шорцевите 1050. И што ако некој ги купил со таа цена, а јас ги земав тројно поевтино?
Моиве се фејк, а на тој што ги платил тројно поскапо, не се?
Од глата си патиме, море.