Копија наспроти оригинал

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
хахаха
не ми беше муабетот за чаламење ... сакав да кажам дека разликата е во квалитетот, мене не ми значи ако имам пантолони и кошула од Армана , а да се фејк, кога знам после едно носење, следи перење ... после едно перење , може ке неможам веке никогаш да ги облечам заради материјалот ... бојата обледела, материјалот се смалил ... и што уствари сум купил јас ? облека за една употреба? па не сум мртов , па да купувам облека за една употреба :)
и убаво си кажав ... не ми е се во плакарот брендирано ... ова е само мојот став :cool:
значи штом не ти е брендирано плакарот ти е празен оти ти како што кажуваш демек небрендирано еднаш се носи се пере и се фрла,мене тоа ми е зборот дека не се секогаш само оригиналите квалитетни,бар овде кај нас е кркамбар,ако ти кажам дека патики наик оригинал ми се имат одма одлепено ама сигурна сум дека се разбираме што сакаме да кажиме,исто мислиме ама поинаку се изразуваме:mstickle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
значи штом не ти е брендирано плакарот ти е празен оти ти како што кажуваш демек небрендирано еднаш се носи се пере и се фрла,мене тоа ми е зборот дека не се секогаш само оригиналите квалитетни,бар овде кај нас е кркамбар,ако ти кажам дека патики наик оригинал ми се имат одма одлепено ама сигурна сум дека се разбираме што сакаме да кажиме,исто мислиме ама поинаку се изразуваме:mstickle

не бе, имам и некоја фејк гардероба, која после перењето се зголемила ... па си ја чувам сега за кога ке пораснам :rofl
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
ОК, само сеа ќе ви кажам што сум заклучил јас:
- Има некој купуваат од Шутка и Бит Пазар па се фалат дека кој знае од кој Бутик во Скопје купиле облеката.
- Има такви кој купуваат од истите тие пазар и ќутат. Ако некој каже дека купил од таму т.е. да признае одма (овие што ќутат) го ставаат другиов на ремет: Пример следнава реченица многу сум ја слушал
*Пффф од таму ќе купувам!
Добро де кого правите будала, како јас демек да не знам да познаам марка или куповната моќ како да не знам колку им е.
Не знам што е толку фурање ако се купи оргинал, демек треба да му се поклонувам ако направил тоа? Облеката не те прави човек исто како што стоењето во гаража не те прави автомобил. Јас гледам потеклото на облеката и составот. Преферирам за маици да бидат 100% памучни и тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 048 and 4FUN

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Кога се работи за облека има доста квалитетни фејк копии, башка ако ми се свиѓа гајле ми е дали е оргинал, битно да ми се свиѓа како ми стои и да ми е удобно. А и да е оргинал нејќам цело лого да паѓа во очи, сепак сум го купил тоа зашто ми се свиѓа а не зашто е некој бренд. Башка и што ги вртам кога сум лупнал толку пари за нешто нејќам логото да се гледа, не сум им подвижен билборд за бесплатна реклама, ебате тоа капиталистичките финти, ќе дадеш еден тон пари и уште ги рекламираш (свесно или не). Е сеа има работи кои никад не би купил фејк, на пример патики, за патики не жалам пари, тоа е нешто што го носам цело време и сакам да ми е удобно, башка и во стапалата има нервни завршетоци од цело тело, така да од чкарт битпазар патика доаѓа до разни аномалии. Оргинал патика трае подолго, не се кине/гребе/одлепува после еден месец носење. Исто и за парфем, колку и да изгледа скапо на прв поглед оргиналот трае повеќе од фејкот и кога ќе се удри есапот испаѓа дека парите што ќе ги дадеш за фејк копии се приближно тука со тие за оргиналот. На крај краева живееме во мизерна земја, затоа се ни е скапо, она што овде можат да си го дозволат само татини мази те се брендирано, во нормални земји тоа е секојдневна облека пошто на некој што зима 3000 евра плата не му се проблем на пример 50 или 100 евра за маица или кошула. Тие луксузни брендови што се скапи и за западни стандарди, кај нас се мисловна именка како за нас обичните смртници така и за wanna be елитата низ нашиов град и држава.
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
ОК, само сеа ќе ви кажам што сум заклучил јас:
- Има некој купуваат од Шутка и Бит Пазар па се фалат дека кој знае од кој Бутик во Скопје купиле облеката.
- Има такви кој купуваат од истите тие пазар и ќутат. Ако некој каже дека купил од таму т.е. да признае одма (овие што ќутат) го ставаат другиов на ремет: Пример следнава реченица многу сум ја слушал
*Пффф од таму ќе купувам!
Добро де кого правите будала, како јас демек да не знам да познаам марка или куповната моќ како да не знам колку им е.
Не знам што е толку фурање ако се купи оргинал, демек треба да му се поклонувам ако направил тоа? Облеката не те прави човек исто како што стоењето во гаража не те прави автомобил. Јас гледам потеклото на облеката и составот. Преферирам за маици да бидат 100% памучни и тоа.


nema da lazam ama lanska godina 2 jakni so gi zemav bea od skopje i toa ednata od bit pazar za 900 denari i drugata od zeleno pazarce za 1000 denari jebiga takov ni e standardot nemame pari da zemime poskapi i pokvaliteni jakni, taka da narodecov nas okolu 75 posto pazari na pazar i obleka i proizvodi
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hip.Hop_MKD

Coelho

Староседелец
2 април 2012
287
493
663
Скопје
Кај нас и навистина да имаш купено парче облека од некоја скапа и позната марка, нема да можеш да уживаш во тоа бидејќи:

На тие кои ги знаеш веројатно нема да им се фалиш (освен ако не си тапа пријател).
Тие кои не ги знаеш ќе ти солат памет. Сé по ред! Од тоа дека сé е направено од Кина - до тоа дека си го купил на пазар. А доколку некој всушност ти поверува - нема да престанеш да слушаш како на пазар го има ама баш истото за ХХХ денари. Тука се открива дека сите се всушност undercover експерти за облека, за материјали на изработка, за процес на изработка.

Во секој случај - не гледам некоја поента во тоа да се носи гардероба од лажна марка и немам некое посебно мислење за луѓето кои носат таква облека. И сигурно нема да разговарам сега јас за нивната гардероба. Ги знам луѓето околу мене и знам до некаде кои се нивните финансиски способности.

Ако некој земе да ме убедува дека нивното палто (на пример) е некоја позната, скапа марка (без разлика дали е или не е) - нека си зборуваат. Од тоа колку време ќе ми тупат со истиот муабет и колку ќе ме изнервираат зависи и мојата реакција.

Облеката си ја купуваш за ти да ја носиш и нема што да се дебатира сеа на таа тема. Твои пари се, твоја одлука е, ти ќе го носиш тоа парче облека.. Ако веќе планира некој да се фали: ако ти е оргинал - фали им се на тие што им е гајле. Ако ти е лажно - лажи ги другите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

Стефанија

Активен Член
19 февруари 2012
156
233
43
Купувам работи кои се оригинал, а купувам и нешто што ми се допаѓа а не се оригинал, ама никогаш не купувам фејк парчиња. ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Јас не сакам многу чкартовина, си одам во Софија или Солун и ќе дадам повеќе пари али знам дека е оригинално и добро. Ете патики од Адидас купив лани и преклани. И ете сеуште ги носам како нови се. Али се опрчив 130 евра, а не 1.000 денари од Бит Пазар чкарт роба и за два дена бос да одам.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Не знам дали пред година дена сте гледале на емисија, КОД чинам беше, за тоа колку ние всушност имаме оригинал парчиња облека. The truth is, немаме. Имаме тук-таму по некое претставништво и аутлети, ама останатото е сѐ оригинал од турски подруми. Ако сум толку искомплексирана па да патам само по бренд, те ми го Солун долу, мада не ми се оставаат пари кај пропаднатине соседи. Така да, ќе си купувам нашиве што нудат. Ако не ти стои бре, и на МекКвин нека е - џабе. Ако си имаш тело да ти стои и знаеш да искомбинираш, па и стотка од пазар нека е - ќе се вртат глави по тебе.
Кај мене под зграда пред една недела се отвори Pimkie, препродаваат работи од Denim, Bershka, Stradivarius, по нешто од Mango итн, што останале по продавниците по парче или две.
За 1400 денари си купив два пара шорцеви и две маички, цело лето ќе си ги износам. А старите цени им стојат, една маичка била 750 денари, шорцевите 1050. И што ако некој ги купил со таа цена, а јас ги земав тројно поевтино?
Моиве се фејк, а на тој што ги платил тројно поскапо, не се?
Од глата си патиме, море.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Не знам дали пред година дена сте гледале на емисија, КОД чинам беше, за тоа колку ние всушност имаме оригинал парчиња облека. The truth is, немаме. Имаме тук-таму по некое претставништво и аутлети, ама останатото е се’ оригинал од Турски подруми. Ако сум толку искомплексирана па да патам само по бренд, те ми го Солун долу, мада не ми се оставаат пари кај пропаднатине соседи. Така да, ќе си купувам нашиве што нудат. Ако не ти стои бре, и на МекКвин нека е -џабе. Ако си имаш тело да ти стои и знаеш да искомбинираш, па и стотка од пазар нека е - ќе се вртат глави по тебе.
Кај мене под зграда пред една недела се отвори продавница на pimkie, препродаваат работи од Denim, Bershka, Stradivarius, по нешто од Mango итн, што останале по продавниците по парче или две.
За 1400 денари си купив два пара шорцеви и две маички, цело лето ќе си ги износам. А старите цени им стојат, една маичка била 750 денари, шорцевите 1050. И што ако некој ги купил со таа цена, а јас ги земав тројно поевтино?
Моиве се фејк, а на тој што ги платил тројно поскапо не се?
Од глата си патиме море.

Па и целата роба што ја имаме на нашиот пазар е од турска. Ретко кај нас да најдеш оригинал. Затоа и јас не купувам од овде неколку години уназад. Чкарт роба. Не сакам да купам маица и да ја носам само 3 месеци и после да ја фрлам. Боље плати - па клати.