Комплекси

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Кој ги нема..
Висока сум 160 и 2-3 см и тоа ми е коплекс. Мислам дека сум многу ниска, посебно кога сите во друштво ми се над 180см.
Не обожавам да носам многу високи штикли, па ете на штикла да сум до кај 170, а другаркиве ем се високи ем носат штикла од 18см, па кога се со мене изгледаме како Астерикс и Обеликс.
Имам и проблем-мислам дека сум дебела, ама не го земам за комплекс, пошто која девојка не го мисли тоа за себе.
Тоа со висината ми е стварно комплекс, мада никој ни ми рекол ни па некој му сметало...
Знам исто и дека не е мерило никакво ама ете се мачам себеси.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Да,имам комплекси.
Еден од нив е тоа што неможам да прифатам променливи карактери во насоки како што дува ветрот.
Обично грото не само што успева да прифака,туку почнува и да дува.
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Со се што гледаме на телевизија каде што ни презенртираат како треба да изгледа една девојка од 20 години или жена од 50 години на реклама за q10 незнам што ,сите развиваме комплекси. Сум имала дури бев средно али некако после тој период прекинав да мислам на тоа како изгледам , и почнав да размислувам што имам во тиквава , па побитно ми е да сум паметна од колку да имам пропорции 90/60/90 . Сакам да кажам дека проблемот со надворешниот изглед и комплексите околу тоа ги решив со тоа што повеќе внимание обрнував на она што лежи инсајд . Можда малце клише звучи сето , али за мене и до ден денеска важи истото
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Комплекс ми се кратки, копирани воведи. :D

Комплекс и несигурност не се движат исто на скалата, а супериорнста и те како е низа комплекси скриени зад една маска, но оној што ја поседува дури и сам си верува дека нема маана. (топла вода)
Нејсе, имам доста несигурности, но ги прикривам со ќутенката или со шега на моја сметка, зашто знам дека се повремени и нема потреба да ги експонирам за утре да ми бидат плеснати по нос од некој друг комплексаш што решил да си ги прикрива своите маани со истакнување на туѓите.
На 13 години, ко и речиси секое детиште, ме фати фамата дека сум дебела, па се изгладнував до раб на анорексија. Поради висината и наглото слабеење, еден школски ми рече дека сум ко краставица, па почнав да јадам ко ненормална. Организмот ми претрпе нагли промени баш во тој најкревок период, па поради тоа и до ден денешен имам последици. Тоа веќе апла беше комплекс зашто ми ја тепаше психата. Другово е повремено, а со тоа и минливо.
Ако збориме за физикус, факт е дека сме изложени на фотошопирани критериуми, а лошото е што целиме кон истите.
Уште полошо е што фокусирајќи се на површното, забораваме на оптеретената психа. Епа нека...
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Јас мислам дека секој човек има, но тоа не е страшно туку не прави нормални се додека не излезе од контрола а комплексите и фрустрациите да не направат тотално различен човек. Среќавам многу луѓе кои имаат таков проблем и очигледно не се свесни за тоа или се, неможам да знам. Но проблемот настанува кога знаеш што ти е и наеднаш правиш онаков штит па нападот ти е најдобра одбрана или правењето дека си некој друг само за да не покажеш колку всушност си ранлив или каде емотино си погоден. За жал секогаш постоеле , па сеа и со диктирање на некои поинакви вредности на човекот и материјализирање на работите се става акцент на она '' што поседуваш однадвор или материјално'' отколку другите најбитни работи за една индивидуа. Голема вина имаат медиумите и глобализирањето на работите...иако ова е само од еден аспект на некаков комплекс , така што некако онаа глупава селекција на убав и грд, добар и лош, сиромав и богат, селекција , класирање...сето тоа си го прави своето и од една страна може да создаде човек кој има комплекс за нешто што всушност и го нема или сноб кој има висока самодоверба па удри по другите..и така..широка тема...ја мешам мн работи од шо сакам се да кажам ....можда имам комплекс од недокажаност:D

ps. Коа бев мала мислев дека сум многу грда и дека се сите најубави....сеа нека ме видат !!!!:cool::giggle
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

The High Commander

Староседелец
2 мај 2012
206
131
1,043
123
Не знам искрено. Немам некаков комплекс за кој сум свесен.
Можеби комплекс е пресилен збор.

Некогаш сум несигурен во врска со својот изглед. Мислам дека не сум доволно добро облечен, не ми е фризурата доволно добра, не сум доволно развиен (во поглед на мускули)... такви работи.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Би било вистинско чудо, живеејќи во вакво општество човек да е целосно слободен од комплекси...
Можеби и невозможно.
 

mspasenoski

Староседелец
19 февруари 2013
442
701
1,103
36
Карпош - Влае
Луѓето не треба да се обидуваат да се ослободат од своите комплекси, туку да се помират со нив бидејќи тие го одредуваат нашето однесување во животот . Да продолжиме понатака онака какви што сме . Сепак има негативни комплекси кои треба да ги отстраниме и да бидеме повеќе флексибилни :)
 

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
31
Western Sky, Land of Oz.
имав помала кога бев,сега баш ги немам сеа поише на другите им стварам комплекс,а мене ми фали бе комплекс

Мене ми мириса на комплекс на супериорност (wasntme)

Ако се правам наудрена, може и ќе кажам дека немам/сум немала комплекси. Имам. Сите имаме, и тоа постојано. Едни се губат, други се стекнуваат, трети се видоизменуваат а и ние се прилагодуваме. Комплексите можат да се управуваат. Некои повеќе а некои помалку. Треба постојана посветеност и работење на истите доколку една личност сака да ги сведе на минимум. Е сега ако не ги препознава тоа е веќе друга работа. Што би рекол Шарма, решението на секој проблем се појавува во оној момент кога ќе сфатиме дека постои истиот.