Вие користите застарен прелистувач. Може да не ви бидат убаво прикажани овој или други сајтови. Треба да го надградите вашиот или да користите алтернативен прелистувач.
Како што вика мајка ми, тоа што не треба го памтиш, тоа што треба... ова се однесува кога сака да ми каже дека не учам. Памтам секакви глупости поврзани со песни, серии, филмови, глумци, пеачи, места, итн. А имиња и фаци, од прва, слабо. А и доста често се изненадувам, дека памтам работи од пред 10, па и 15 години. И сум злопамтило, најголемо.
Не памтам се. Некогаш се случува нешто важно да заборавам. Исто се случува на школо нешто да ми речат, дури да појдам дома заминало...
Ама паметам случки и детали од минатото: некогаш ќе кажам некоја случка, на која никој веќе не се сеќава, се случила пред многу години... А јас ја кажувам ко вчера да била...
Со датумите на родендените не сум најјака. Може да ми случи за роденден на некој ептен близок да се помислам кога е.
И паметам и лица и имиња. Прв пат да видам некого, да се запознаеме и готово, ќе го паметам со години...
Памтам се што е интересно за мене и се што сакам да знам... но кога се во прашање имиња, многу тешко ги памтам, се треба да ме асоцираат на некој, па да можам да го запамтам, а фаци памтам премногу и гласовите многу ги памтам... тел. броеви не ги памтам од причина што ги имам во тел и не им обрнувам многу внимание