Исто ко тебе ептен памтам имиња на луѓе. Потоа имиња на филмови, дури и тоа што се дешавало у филм што сум го гледал пред 10 год може да го кажам, и вообичаено лоши случки, географски податоци (пр. кај се наоѓа некој град, езеро, река ), и работи кои ме интересираат.Имам добра меморија, но понекогаш, за одредени работи, се случило да ме изневери. Обично кога се работи за некој збор.
Имиња на луѓе и лица многу добро паметам. Истотака и адреси, локации, имиња на песни и филмови, случки дури од пред многу години. Особено лоши ситуации. Злопамтило.
Имам проблеми со паметење на имиња на луѓе кои си личат едни со други и телефонски броеви. Веројатно затоа што телефонски броеви никогаш не сум имал потреба да запомнам.
Не паметам имиња на близнаци, телефонски броеви, адреси.