Да не почнуваме за вакцините те молам, барем не сега, не на оваа тема.@malo до скоро некои болести се сметаа за истребени благодарение на вакцините кои (хеј!) се производ на модерната медицина. Благодарение на такви поборници против вакцините некои болести се вратија. А јас тебе те прашувам, зарем треба како вид да се вратиме на примитивизмот? Треба да исклучиме струја, да мавниме општества и се` што е продукт на развитокот на човештвото последниве пола милениум и да живееме во „природа“?
Ама не можам да се воздржам и да не кажам дека јас сум вакцинирана ама пак си ги прележав сите сипаници и заушки.
Моите деца се вакцинираа како мали и тие прележаа сипаници непосредно после вакцинирањето. Сега не ги вакцинирам совршено здрави се. Помалото прележа заушки лани и супер ги помина. Кога отидовме на лекар во крвата слика и во мокрачата немаше никаков знак на инфекција, белите дробови чисти... докторката беше запрепастена. Ми рече дека најверојатно има силен имунитет. Не ги пиевме лековите што ни ги даде, не пиевме никакви лекови. Додека имаше температура не јадеше ништо, пиеше само лимонада и се си помина во најдобар ред, без последици, без компликации и без вакцина против заушки.