Кога бев мал/мала...

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
наместо мама и тато викав мајка ти и татко ти(за своите родители) (facepalm) јбг дете :D
 

monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
36
Неготино
многу често му пеев песничка на татко ми за роденден и еднаш вакава глупост лупнав
-денес на тато му е роденден и полни 9 години (сите се смеат и ме поправаат дека 29,а не 9)
и јас продолжувам полни 29 години,и во таа чест јас ќе му испеам една песничка,како се вика
тато вози џип,на кривина вика тит тиииииииииииит
хахахахахаххахахахаххахаха сите се изнасмеале,мислам ептен сум се потрудила за песничкава и сум ги утнала годините ама нема врска битно сите се изнасмеале слатко,и до ден денес ја паметат оваа глупост од мене:rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Ко мала сум била доста инаетливо дете ама и мирно. :) Многу сум сакала да ме држат во раце и од сите сум плачела. Иначе се имам измочано еднаш во релна, еднаш во када, сакав и на тераса ама ништо мајка ми ме сопрела. :) Се имам утепано од фрижидерот пошто брат ми ме лажеше дека можам да летам, насекаде се качував немаше мебел кај што се немав качено и обожавав да се кријам, еднаш така им се сокрив додека бевме на гости, абе цел стан го пребараа не дека беше многу голем станот еднособен, а пошто ја бев ситно, мало, неприметливо сум се пикнала во едно ќоше и си се смеев, а овие паметот не знаеа кај им е, a кога се појавив додека не си тргнавме мајка ми од рака не ме пушташе ко кученце некое. :( :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aquarius

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
30
Битола
Сум се мочал од тараса :rofl
Сакав да бидам полицаец
Кога возев точаче мало се замислував дека сум таксист и ако некој сакаше да го превозам требаше да плати пари (лисја од дрво :D ) xD
Секој втор ден немав колена хахахахаха :D
Правев торта од песок
Крадев цреши во маало
Ех времиња :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BioTrpe and Outrider

incule

Староседелец
5 јануари 2015
740
128
1,053
31
Кога бев мала само со машки се дружев, еднаш ме немаше дома цел ден и мајка ми се јави во полиција а ја и другарка ми се шетавме и цела бев во тетоважи,цела бев во модрици,бев несмасна