Како се запознавте?

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,529
443
Скопје
Сосема случајно во дискотека на одмор во друга држава :) Претходно сме се имале на фејсбук во пријатели но не сме си обрнале внимание... и така одморот заврши па си се договоривме за кафе си излеговме и нашата љубов сеуште трае(inlove)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci

rain-bow

Истакнат Член
21 ноември 2014
174
79
338
На интернет, поточно на еден форум. Она првичното. Потоа следеше во живо на плоштад, па дружба повеќе години, па потоа љубов...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
На роденденска забава на која бев сосила одвлечен. Јас другар на дечкото на славеничката, таа роднина на славеничката (најмала во друштвото).
Беше премногу зачадено(тогаш не бев пушач), имаше прегласна турбо фолк музика. Па поради склоп на околности двајцата завршивме цела вечер на балкон зборувајќи за сѐ и сешто, а уште не знаев ни како се вика. Кога ми кажа дека има 15 години, дека уште малку ќе полни 16, си останав :eek: Очекував барем 18 да има, ама ништо.
Ми се допадна што ми се допадна, ама одлучив четири чекори назад, бидејќи нели, да си немам проблеми со законот, јас 22 таа сѐ уште ни 16.
Ама, денес, скоро 10 години подоцна оженет сум со тоа малечко девојченце :)
 

rain-bow

Истакнат Член
21 ноември 2014
174
79
338
Мхм....таму прв пат, прв муабет. Е после тек во живо... се со ред.
 

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
На одмор кога бев, поточно на плажа, јас бев со другарки, тој со другари, тогаш ни името не му го запамтив :giggle
Не мислев дека ќе се деси нешто помеѓу нас, излеговме вечерта се дружевме, се запознавме повеќе и еве година и пол сме заедно :)
 

Fashion.Lover

Староседелец
19 февруари 2015
297
83
628
New York,New York
Бидејќи студирав во Данска со мојот дечко за шест месеци сопруг се запознавме на шопинг, односно кога се враќав и ми пријде и ме однесе до студентскиот дом.
 

MacedonishQueen

Истакнат Член
17 јуни 2015
205
131
143
Прво тој ме виде на забава, а ја ниту сум го приметила ниту знаев дека постои:rofl после ме адд на фб, и јас го прифатив..но имав дечко, ко за беља се скарав со „бившиот“.. и тој ми пиша, прво си бевме кул другари :) па на кафе излеговме, но секако ја си го гледав како другарче и неќев нишо посебно да има, но ден ноќ се пишевме..не разделни бевме некој од другарките мислеа дечко ми е и ми се лутеа мислеа дека ми е дечко :rofl а меѓу нас ништо..и ја учам во неговиот град и решивме да излезиме онака на прошетка. Човекот се заљубил во мене (facepalm).. и јас па уште заљубена у овај бившиот..и му велам неможе ја и ти другари ќе си останеме. После пак си излеговме на прошетка, и си мислам човекот толку трча по мене а ја слепа ли сум? :giggle И така ме смува:sreken Сега неможам без него:D Преубаво ни оди :)...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Na mojata polumatura :D I bese decko na edna od generacijata. Vo toa vreme se druzev so nea bevme pogolem krug prijateljki.. ke dojdel tipov kao poklon da i donese ovaa kejfoj a se zapoznavme onaka ja naletav na masa da ja prasam nesto, se zapoznavme i ko se vrativ pijacka na masa za mene imase..
Posle toa ja se iskarav so ovaa od ljubomora muabeti mi vadese. Sega se vide koja e k.... . Prodolzi da se druzi so edna od komsii i kako nekoja slucajnost vo toj period i ja se druzev so nea . Ovaa sakala da go kjari ali sta ces :D zivot! I ete na kraj site si fatija po drugi gradovi samo ja i toj ostanavme i zgora na toa za da ne se zaboravime me vikase na kafe za sekoj polozen ispit, za da me casti za vnuka.. Se nekoi opravdanija..
I ete taka i den denes sme zaedno.. Turkame, vlecime, terame :D samo jas i toj. Bez ovie dveve : )
Da napomenam i ovde, nemam kirilica momentalno