Како да се избегне заљубување?

  • Автор на темата Lena
  • Време на започнување

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Заљубувањето само по себе не може да се избегне. Може само да се одолжи начинот на кој ке ја искажеш љубовта.
Но зошто да се одолжи? За да се смират чуствата и пламенот да спласне и да се намалат симпатиите спрема некој кој ни е недостижен, но сепак привлечен. Некогаш вреди да се проба, но некогаш се знае дека залудни би биле сите напори за да се осфои таа личност.

Пример она е прекрасна кукла од богато семејство, ја сум просечно момче на кое изгледот не му е јака страна,потекнувам од сиромашно семејство. Тогаш е најдобро да се избегне секаков однос со кој јас би се заљубил скроз.Подобро би било така, отколку залудно да копнеам по неа.Подобро да си ја пробам среќата на друга,некоја која повеќе ке ми прилега.

Љубовта е многу јака природна сила, многу јако чуство кое лесно се стекнува но тешко се губи. Да бидеме реални искрено се љуби само во филмовите, во реалниот живот секогаш има нешто ке не сопне, нешто што ке не скрши..
Чинам тоа "нешто"што не крши,вредно е да се доживее како искуство.На некој начин созреваме со тоа или преку таа болка која сме ја доживеале.
А дека искрено се љуби само во филмовите и приказните...
Не е така.
Сум сакала искрено и сум била скршена.И некако не ми доаѓа памет,пак ќе сакам предавајќи се комплетно без да се плашам да бидам скршена.
I hope :)
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and malo

Onkel

Староседелец
14 мај 2014
77
82
1,028
Чинам тоа "нешто"што не крши,вредно е да се доживее како искуство.На некој начин созреваме со тоа или преку таа болка која сме ја доживеале.
А дека искрено се љуби само во филмовите и приказните...
Не е така.
Сум сакала искрено и сум била скршена.И некако не ми доаѓа памет,пак ќе сакам предавајќи се комплетно без да се плашам да бидам скршена.
I hope :)
Се гордеам со ваквите како тебе. Секогаш полни со енергија и визија за подобро утро, со полно срце надеж и емоција.

И ја сум бил искрено заљубен, но не ја доживеав фразата "...и така среќно живееја се до крајот на животот". Не се надевав дека ке заврши, но сепак заврши,бев скршен. Не велам дека нејќам повеќе да се заљубам, него едноставно ги посочив работите со кои би избегнале заљубување. Ни јас не бегам од страв повторно да се заљубам и да бидам љубен, за да повторно поминам низ фазата која значи крај за една љубовна врска. Најдобро да ги оставиме работие сами да течат, но се во својата димензија,без да летаме високо за да одпосле патиме од невозвратена љубов или од лажна љубовна врска.Се сложувам со тоа дека созреваме од сопствените грешки, болки, варијации на емоциите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Armagoddamn

Староседелец
28 октомври 2015
162
33
1,028
Не сум сигурна дали и колку е можно да одиме против сопствените емоции,но ете да речеме кога на себе приметувате дека сте на добар пат да се заљубите,а вие не го сакате тоа од Х причини,како би го избегнале
истото и дали е воопшто можно?
Кој добро владее со своите емоции и мисли може да ги контролира,да не се препушти на сето тоа,но сепак постојат некои работи кои не можат или е тешко да се контролираат.
Како би го извеле сето тоа,кога постојано се сретнувате со таа една иста особа,а во вас се буди вулканот на чувства во истиот момент кога ја гледате,а вие сте сигурни дека нит е време нит место за заљубување?
Би било интересно да се опишат и искуства на ова поле.
да го игнорираме секој сигнал испратен од срцето до мозокот
да се контролираме
да се држиме на дистанца
И успева
ако имаш цврст карактер
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Beauty&Beast

Beauty&Beast

Староседелец
11 септември 2015
739
808
1,103
О да, секако дека е можно да се контролира заљубувањето, само треба малце повеќе тренинг врз своите емоции, да се научи како да се контролираат.
Многу е полесно кога се има висока контрола врз своите емоции, а јас ја имам ... но за да се контролираат чувствата, потребно е пред се' да си цврст карактер.
Нема непотребни компликации во животот, што поголема самоконтрола, толку е полесно ;)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
^Ам така не го контролираш заљубувањето туку само свесно се правиш на Тошо и се обидуваш да го игнорираш природниот порив кој алармира дека нашол компатибилни гени за расплод. И вака и така си заљубен само на твојот начин пробуваш да се излажеш себе си дека природата греши.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara and Saladin

Beauty&Beast

Староседелец
11 септември 2015
739
808
1,103
^Ам така не го контролираш заљубувањето туку само свесно се правиш на Тошо и се обидуваш да го игнорираш природниот порив кој алармира дека нашол компатибилни гени за расплод. И вака и така си заљубен само на твојот начин пробуваш да се излажеш себе си дека природата греши.
Ноуп.
Кога ќе згрешиш, учиш од сопствените грешки.
Колку повеќе емоции и губење на самоконтрола - толку повеќе непотребни компликации и главоболки.
Животот е полесен кога можеш да си ги контролираш емоциите ... проверено, од лично искуство зборам.
Не велам дека е исправно тоа да се контролираш, и да не дозволиш да се препуштиш целосно на емоциите ... али откога си се изгорел од млекото, ќе дуваш и на јогуртот ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Не ми е тоа муабетот. Ти можеш да ги контролираш акциите кои ги правиш, но заљубувањето не можеш да го спречиш. Тоа си се случува сакала ти или не, се трудела да бидеш катроутколдхартедхардеземоушнлесбич или тонеш во емоции, независно е од твоите акции.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Tantara, Lena and Electra

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Во меѓувреме сфатив дека нема лек од заљубување и воопшто љубов.Ако се противиш на чувствата ќе патиш од истите.Единствено што преостанува е да се препуштиш и да ги уживаш па колку и да мислиш дека не е правилно сето тоа.Природа.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
^Ам така не го контролираш заљубувањето туку само свесно се правиш на Тошо и се обидуваш да го игнорираш природниот порив кој алармира дека нашол компатибилни гени за расплод. И вака и така си заљубен само на твојот начин пробуваш да се излажеш себе си дека природата греши.

Не е така едноставно, ако беше само до природен порив тогаш истовремено човек би бил заљубен во 7500 женски особи. :zelen Ете рачунај само дневно колку жени ќе видиш по улица, или на тв или било каде кои што би те `напалиле`. Ама не се заљубуваш во никоја од нив. Cause it`s much more than an urge.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Разликата од компатибилни гени до плодни гени е тоа што ти го кажуваш. Плодни гени можеш да најдеш многу... малку феромони и шарко спремен да лае :D Од друга страна компатибилни гени се гени кои што изгледаат плодно но исто така се компатибилни на комбинацијата која ја поседува „предаторот“. Ама го објаснив ова :zelen