Станувам обично девет ипол - десет. Јадам, пијам кафе, пуштам музика и седам на компјутер до 14-15 ч. Ручам, читам книга или спијам до 18 и после тоа излегувам да играм кошарка, така рекреативно по школите. Од вечер може да направам некој круг низ градот со друштво или пак да си седнам дома на тераса, уште едно кафе па после на нет или да изгледам некое добро филмче и си легнувам.
Тоа ми е обично распоредот сега за сега, многу брзо минуваат деновите, а секој ден се тоа па тоа. Се осеќам некако бескорисно и мислам дека може и подобро да се искористи денот. Ама ај фати нешто по овие жештини, јадење, спиење и тоа е.