Како би се снашле доколку се изгубите?

Каде највеќе би се снашле доколку се изгубите?

  • Во шума

    Гласови: 5 12.5%
  • На планина

    Гласови: 2 5.0%
  • Во град

    Гласови: 29 72.5%
  • На плажа

    Гласови: 3 7.5%
  • На автопат (доколку возите)

    Гласови: 1 2.5%

  • Вкупно гласале
    40

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Досега се немам којзнае како изгубено ама дали дека во нов град не сум била никогаш сама,прво си барам човек што бил па потоа тргнувам,а за некое нормално губење до одредена граница на секој ни се случува.Кога се запишав на фак.во Скопје мислев дека сите зграади во капиштец се исти и дека никогаш нема да се снајдам ама се снајдов.Имам два пати на рекорд утнато 16ка во обратен смер:giggleама ништо страшно,ке си поседиш горе во црниче малку со шоферот и пак ке стигнеш кај шо си тргнал:rofl
 

Јована

Истакнат Член
20 април 2012
144
311
63
Во грат би прашала во кој грат се ноѓам и како би можела да си дојдам кај мене дома:)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: kiko

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,091
1,093
Скопје
Во град,плажа секој ќе се снајде,ама во шума или планина баш и не верувам (think)
 

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
36
Скопје
Имам одлична ориентација на планина, по автопат, на плажа и низ град. Ама како добро се имам изгубено во Битола тоа е чудо едно. Јес да бев малечка и не ми работеше така добро мозочето ама никад нема да го заборавам тоа искуство. 3 саати вртев по 3 улици и од кај и да тргнев никако не искачав на некоја по главна улица. Сега ми е смешно ама тогаш се истурив од плачење пошто немав никој познат да му се јавам и да кажам што гледам околу мене за да ме извади од го:cenzuraа
 

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
До сега не сум се изгубила никаде но доколку би дошло до тоа знам дека првите 15 минути од паника не би мислела ништо но потоа сигурно би прашала некој како да стигнам до местото кај што сакам да одам.Но за во шума па и не би било баш лесно да се снајдам.
 

Сара.13

Староседелец
13 ноември 2012
1,260
3,110
1,133
се сметам за снаодлива, така и се покажало во некои досегашни ситуации..се немам изгубено до сега, но кога би дошло до тоа нормално во град најдобро и најбрзо би се снашла, а за на други места не би можела да гарантирам.
 

Loner

Активен Член
13 март 2016
340
86
28
Skopje
Во град најлесно е ќе се распрашаш со луѓето за во шума ќе идам по сонцето ако нема сонце по мовот на камењата и дрвјата а за нешто дополнително ќе разменам знаење со Bear Grylls (happy)
 

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
971
1,133
Во град е најлесно да се снајдеш.. поминуваат секакви превозни средства и да станува збор за поголем град пак може да се праша или да си повикаш такси и да стигнеш до посакуваната дестинација.
Во поголемите метрополи се е означено и мислам дека за да се загубиш треба да не знаеш англиски. :)